Кирани Џејмс (1 септември 1992, Гујаве) е гренадски атлетичар, кој настапува во трките на 200 и 400 m. Тој е светски и олимписки првак во трката на 400 m од Светското првенство 2011 во Тегу и Летнтие олимписки игри 2012 во Лондон.

Кирани Џејмс
Медали

Кирани Џејмс
Натпреварувач за Гренада Гренада
Машка атлетика
Олимписки игри
Златен медал - прво место 2012 Лондон 400 m
Светски првенства
Златен медал - прво место 2011 Тегу 400 m

Животопис уреди

Кирани е роден во малото рибарско место Гујаве, а подоцна заминал на студии на универзитетот Алабама во САД. Таму започнал да тренира под раководство на поранешниот олимпиец Харви Гленс и двапати по ред победил на студентските натпреварувања.[1]

Во сезоната 2011, тој оствари доста успешни резултати на атлетските митинзи, а својата добра форма ја потврди и на светското првенство во Тегу, на кое го освои златниот медаљ, остварувајќи нов личен рекорд со време од 44,60 s, што беше за три стотинки подобро од времето на тогашнниот олимписки и светски првак, Лешон Мерит. Со овој успех, Џејмс стана првиот атлетичар од својата земја кој има освоен медаљ на светските првенства на отворено.[1]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Џејмс го освои златниот медал, победвајќи во финалната трка на 400 m со резултат од 43,94 s. Со овој успех, тој на својата земја и го донел не само првиот златен медал од Олимписките игри, туку и првиот медал воопшто.

Лични рекорди уреди

Дисциплина Време Место Датум
200 m (на отворено) 20,41 Ел Пасо, САД 16 април 2011
200 m (во сала) 20,58 Албукерке, САД 21 јануари 2011
400 m (на отворено) 43,94 Лондон, Велика Британија 6 август 2012
400 m (во сала) 44,80 Фејетвил, САД 27 февруари 2011

Наводи уреди

Надворешни врски уреди