Кингстон (Норфолшки Остров)

Кингстон (англ. Kingston) е главен град на австралиската јужнопацифичка територија Норфолшки Остров. Меѓу позначајните знаменитости во местото се вбројуваат гробиштата, рушевините на домовите на офицерите (на Квалити Роу), владиниот дом, историската црква Сите Светители, Старата касарна и Новата касарна каде што е сместена денешната управа на Норфолшкиот Остров, како и просториите на Законодавното собрание.

Гат на крајбрежјето на Кингстон
Стариот затвор во Кингстон

Населбата е на местото каде што впловил Филип Гидли Кинг заедно со 22 доселеници (меѓу кои и 9 машки и 6 женски осуденици) на 6 март 1788, помалку од 2 месеца по основањето на британската колонија Нов Јужен Велс.

Гратчето е само административен и историски центар, но сепак игра суштинска улога во културата на островот. Де факто главниот град на островот е Бернт Пајн.

Надворешни врски уреди

29°4′S 167°58′E / 29.067° ЈГШ; 167.967° ИГД / -29.067; 167.967