Килски Канал (германски: Nord-Ostsee-Kanal, NOK), познат како Канал „Цар Вилхелм“ („Kaiser-Wilhelm-Kanal“) до 1948 г.) — канал долг 98 километри во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн.

Карта на патеката на каналот

Каналот ги поврзува Северното Море кај Брунсбител и Балтичкото Море кај Кил-Холтенау. Доколку се користи Килскиот Канал наместо кружењето околу полуостровот Јитланд, патот просечно е скратен за околу 460 км. Каналот не само што штеди време, туку исто така се избегнуваат и можните опасни бури на отворено море. Според страницата на Каналот, тој претставува најпрометен вештачки канал во светот; над 43.000 пловила минале низ него во 2007 година, исклучувајќи ги малите бротчиња.[1]

И покрај двата морски влеза, Килскиот Канал е поврзан, кај Олденбител, со пловната река Ајдер со краткиот Канал Гизелау.[2]

Наводи уреди

  1. „Официјална страница на Килскиот Канал“. Архивирано од изворникот на 2009-03-10. Посетено на 2012-08-25.
  2. Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. Сен Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. ISBN 0-85288-283-1.

Надворешни врски уреди

Координати: 53°53′N 9°08′E / 53.883° СГШ; 9.133° ИГД / 53.883; 9.133