Кербер во старогрчката митологија е монструозно куче чувар на подземниот свет.

Кербер, со водени бои од Вилијам Блејк.

Особености уреди

Обично се смета дека има три глави (според некои верзии, една или две), иако Хесиод вели дека имал 50 глави и метален глас. Од неговиот ’рбет растеле глави на змии, а имал и опашка од змија. Го јадел секого што ќе се обидел да избега од подземниот свет и не им дозволувал на живите човечки суштества да влезат, иако Орфеј успеал да влезе маѓепсувајќи го со музика. Една од задачите на Херкул била да го однесе Кербер во земјата на живите; откако успеал, го вратил суштеството назад во адот. Исто така, Орфеј успеал да го измами Кербер со своите убави песни.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 222.