Кентаурот или кентаврот потекнува од старогрчката митологија и за него се вели дека е суштество со глава и гради на човек, а тело и нозе на коњ.

Бронзена статуа на кентаур

Опис уреди

Кентаурите живееле во тешко пристапни планини во Тесалија (според Хомер), во западна Аркадија, во Елида и во Ајтопија.[1] Митологијата опишува дека кентаурот имал посебна љубов кон пијалаците, односно пиењето. Ова e поврзано со неговата дива и силна природа и го прави неговото познато престапничко однесување. Кентаурите се хранеле со месо. Тие го симболизираат мракот и мрачните сили на природата. Во подоцнежните митови, кентаурите имале рогови или крилја, а некогаш и двете.

Теории за потеклото уреди

Можеби најверодостојното и најчесто верување е дека кентаурскиот мит потекнува од реакциите на оние кои за првпат гледале коњ, со јавач на него. За Ацтеките се смета тие верувале во слични митови како овој. Меѓутоа, античките грчки автори, кентаурот го опишувале како ѕвер. Кентаурите се често прикажани во сцени од битката со Лапите, кога тие се обиделе да избегаат заедно со Лапитските жени. Имено, на свадбата на Пиритој, кентаурите се обиделе да ги грабнат жените, но Нестор, Тезеј и Лапитите ги совладале и ги избркале од Тесалија. Потоа, кентаурите се повлекле на Пелопонез каде ги убил Херкул.[2]

Познати кентаури уреди

  • Хирон: Веројатно најпознатиот кентаур е Хирон, синот на Крон и Филира, кој за разлика од останатите кентаури не бил алкохоличар. Тој бил познат по тоа што бил внимателен, грижлив, љубезен, нежен, мудар и често познат по неговите знаења во медицината. Хирон им бил учител на многу познатите грчки херои како: Ахил, Асклепиј, Херакле, Јасон, Енеј, Пелеус и Дионис. Тој бил ранет со отровна стрела и тогаш претпочитал да оди во подземниот свет, отколку меѓу боговите.[3]
  • Сагитариус (Стрелец): Кентаурот е познат како знакот стрелец во хороскопската шема. Човек и коњ, обединети, претставуваат физичко олицетворение на соодветното соѕвездие.

Кентаурите како мотив во уметноста уреди

Овие суштества биле присутни во уметничкиот свет со векови, а подоцна во старогрчката уметност се појавиле и женски кентаури (кентауриди). На пример, познати се тимпанонот на Зевсовиот храм во Олимпија (околу 450 п.н.е.) и метопите на Партенон на кои е прикажана борбата меѓу кентаурите и Лапитите.[4]

Наводи уреди

  1. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 183.
  2. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 222.
  3. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.
  4. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 223.

Надворешни врски уреди