Квадратната стапка (англ. square foot) е британска / американска (неметричка) единица мерка за површина, која главно се употребува во САД и делумно се користи во Бангладеш, Канада, Гана, Хонгконг, Индија, Либерија, Малезија, Мјанмар, Непал, Пакистан, Сингапур и во Обединетото Кралство.

Мерката се дефинира како плоштината на квадрат со страни со должина од 1 стапка (0,333... јарди, 12 инчи, или 0,3048 метри). За споредба, просечната куќа за едно семејство во САД во 2007 г. била со вкупна подна површина (т.е. сите спратови заедно) од околу 2500 квадратни стапки.[1]

Знаци уреди

Не постои општо утврден знак за квадратна стапка, но во употреба се следниве:

  • square feet, square foot, square ft
  • sq feet, sq foot, sq ft, SF
  • feet/-2, foot/-2, ft/-2
  • feet^2, foot^2, ft^2
  • feet², foot², ft²

Во архитектурата често се употребува, полниот назив или пак „по квадратна стапка“ (per square foot), додека за недвижности и планови на објекти се користи прост квадрат прецртан со дијагонална линија. Понекогаш мерката се запишува и како квадрат со вертикална линија што го дели на пола:

1 инч (inch) = 2,54 сантиметри

1 квадратен метар = 10,764 квадратни стапки

Претворање уреди

1 квадратна стапка е еднаква на:

Употреба низ историјата уреди

Пред метрикацијата, квадратната стапка се користела ширум Европа, како дел од народните мерни системи, кои значајно се разликувале од регион до регион. Еве некои примери:

Наводи уреди

  1. http://www.census.gov/const/C25Ann/sftotalmedavgsqft.pdf
  2. Das Hauslexikon, Том VI, Leipzig: Breitkopf und Härtel 1837, стр. 596

Поврзано уреди