Каури
Каури по име „Те Матуа Нгахере“
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Иглолисни
Ред: Боровидни
Семејство: Араукарии
Род: Каури
Вид: Каури
Научен назив
Agathis australis
(D. Don) Loudon

Каури (науч. Agathis australis) е иглолисно дрво кое расте во северниот дел на Северниот остров на Нов Зеланд. Каурито расте исклучително право и достигнува височина од 40-50 м, со мазна кора и мали овални листови. Во минатото ова дрво било многу употребувано, и затоа денес не е толку често колку што било во пред-европските времиња.

Лисјата му се околу 3-7 см во должина и 1 см во ширина. Иако по текстура се кожести, немаат средна жилка; наредени се во спротивни парови или во венчиња од по три на секое гранче. The шишарките им се топчести, 5-7 см во пречник, и зреат за 18-20 месеци по опрашувањето; при зрелоста тие се распаѓаат и испуштаат семиња. Машките шишарки се цилиндрични, 2-4 см во должина и 1 см во дебелина.

Дрвата главно виреат во северниот дел од Северниот Остров на Нов Зеланд. Најпознати примероци на вакви дрва се т.н. Тане Махута и Те Матуа Нгахере кои се наоѓаат во регионот Нортленд. Овие дрва се именувани по маорскиот бог на шумата, односно 'Таткото на шумата'. Заради нивната големина, овие дрва претставуваат туристичка атракција.

Каури е најголемото дрво во Нов Зеланд. Големината и цврстината на дрвото е исклучително погодна како градежен материјал за куќи и бродови, а особено за јарболи на бродовите. Заради неговата светла боја ова дрво исто така се користи за изработка на квалитетен мебел. Дрвото ја отфрла својата кора за да превенира искачување и зацврстување на епифити на истата.

Во доцниот XIX и раниот XX век смолата (поточно полуфосилизирана смола) од ова дрво била скапоцена стока, особено заради ексклузивниот премаз кој се добива од неа.

Поврзано уреди