Катлановска Бања — една од најпознатите македонски бањски центри. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 м. Од градот Скопје, со кој е поврзана со современа сообраќајница, е оддалечена 25 км.

Влезот на Катлановската Бања
Градина на бањата
Поглед од воздух на Катлановската Бања

Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е забележлива во должина од околу 350 м. Теренот каде што се подигнати хотелските објекти е изграден од аргилошости, а Бањскиот Рид од слоевит варовник. Во околината на бањата има повеќе топли и ладни минерални извори, додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 л/с, со температура на водата од 40°С. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати.

Во бањата со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи. Бањата интензивно ја користеле уште Римјаните, а потоа и Турците. Првиот хотел кој бил со 156 легла бил изграден дури во 1934 година.[1] Денеска во бањата постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450 кревети. Годишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. Во периодот по 2008 година, капацитетите на бањата се обновени и таа е една од најсовремените и најквалитетно опремените бањски центри во Македонија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Александар Стојмилов, Катлановска Бања, „Географски разгледи“, кн. 7, Скопје, 1969

Галерија уреди

Катлановска Бања — матична страница

Надворешни врски уреди

Катлановска бања

41°54′6″N 21°41′48″E / 41.90167° СГШ; 21.69667° ИГД / 41.90167; 21.69667