Успенска катедрала (Москва)

катедрала во Московскиот кремљ

Катедралата на Успението (руски:Успенский собор) е црква која се наоѓа на поранешниот истоимен плоштад во Московскиот Кремљ, во Русија. Црквата била изградена во периодот од 1475 до 1479 година, а главен архитект бил италијанецот Аристотел Фјораванти.

Катедрала на Успението
Успенский собор
Основни податоци
МестоМосква, Русија
Припадностправославие
ЕпархијаМосковски Кремљ
Осветен1479
ВодствоРуска Православна црква
Архитектонски опис
Архитект(и)Аристотел Фиораванти
Архитектонски стилруска архитектура

Изградба уреди

Во текот на 14 век, митрополитот Петар Киевски успеал да го убеди рускиот цар Иван I Московски да изгради соборен храм кој ќе биде посветен на Пресвета Богородица, и чија конструкција би била слична како на Катедралата на Успението во градот Владимир. Изградба на соборниот храм започнала на 4 август 1326 година, а катедрала била завршена и осветена на 4 август 1327 година. Во тоа време градот Москва станал главен град на Владимирско-суздаљското Кнежевство, а подоцна и на Киевска Русија.

Во текот на 15 век, се довело до заклучок дека црквата мора да биде реконструирана, бидејќи била во фаза на распаѓање. Така, истата започнала во 1472 година, а како главни архитекти биле избрани Кривцов и Мишкин. По две години од нејзината работа, црквата била скоро целосно изградена, но пред да биде официјално осветена, во градот се случил земјотрес кој придонел црквата да се сруши делумно. По ова, Иван III Руски го поканил големиот италијански архитект Аристотел Фиораванти да дојде во Русија и во руски стил да ја изгради црквата. Соборниот храм во Владимир уште еднаш бил земен како модел за изградба на црквата. Италијанскиот архитект на неколкупати одел во Владимир за да ги проучи руските методи за изградба. Така црквата била целосно завршена во 1479 година.

Историја уреди

Во 1547 година, во оваа црква се одржало крунисувањето на првиот руски цар Иван Грозни. Оваа катедрала станала место каде биле крунисувани повеќе цареви и императори. Овде биле одржувани и голем број на народни собири, а црквата станала и дом на патријарсите и митрополитите. Околу нејзиниот двор се наоѓаат неколку гробови од нив.

По заземањето на власта во Русија од страна на Болшевиците, одржувањето на црквите било забрането. Со специјална дозвола од страна на Ленин, во катедралата за последен пат се одржала литургија на Великден во 1918 година. Во следните години, објектот бил затворен, за да од 1955 година биде претворен во музеј.

Според една легенда, во зимата 1941 година, во времето кога Нацистичка Германија била скоро пред портите на Москва, самиот Сталин наредил тајно да се одржи во катедралата литургија, за спас на земјата од германската инвазија. Во 1960 година, овде било префрлено министерството за култура.

По пропаѓањето на комунизмот, објектот повторно бил претворен во патријаршка црква[1], но продолжил да функционира и како музеј.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

55°45′04″N 37°37′01″E / 55.75111° СГШ; 37.61694° ИГД / 55.75111; 37.61694