Категории (Аристотел)


Категории (лат. Categoriae, грч. κάτέγόρίά) е текст од Аристотеловиото дело Органон кое ги наведува сите можни видови на нешта кои можат да бидат предмет (подмет) или прирок на едно тврдење.

Категории го става секој предмет на човековото поимување во една од десет категории (во средниот век познати како praedicamenta). Овие имаат за цел да го подредат сетоа оне кое може да се изрази без составување или структура, така сетоа она што може да биде или предмет (подмет) или прирок на едно тврдење.

Текстот започнува со образложение на значењето на „синонимни“, или еднозвучни зборови, значењето на „хомонимни“, или истозначни зборови, и што значат „паронимни“, или именителни зборови. тоа што го велиме:

  • Е или просто, без состав или структура, како „човек“, „коњ“, „оди“ итн.
  • Има состав и структура, како „човекот оди“, „коњот трча“ итн.

Потоа, разликуваме помеѓу предмет (подмет) на исказ, имено нешто што се потврдува или порекнува, и предмет на својственост. За едно нешто велиме дека е својство (инхеренција) на некој предмет, кога, иако не е дел од тој предмет, не може да постои без него, на пр. обликот во нештото кој има облик.

Од сите нешта кои постојат,

  1. Некои може да се прироци, но да не постојат во предмет; како што „човек“ може да се изведе од Петре или Горан, но не постои во ниеден предмет.
  2. Некои се во предмет, но можат да бидат прироци на подмет. Така моето познавање на граматиката во мене постои како нејзин предмет, не може да биде прирок на подмет; бидејќи е самостојно(поедино) нешто.
  3. Некои се и во предмет, а може и да бидат прироци на предмет, како науката, која е во умот како подмет, а може и да се изведе како прирок на поимот геометрија.
  4. Најпосле, некои нешта не можат да бидат нити подмет нити прирок. Овие се поединечни супстанции, кои не можат да бидат прирок, бидејќи се поединци; а не можат да бидат ни подмет, бидјќи се супстанции.

Потоа доаѓаме до самите категории, (1)-(4) погоре, наречени од схоластичарите antepraedicamenta. Треба да се спомене дека иако Аристотел очигледно разликувал помеѓу постоење во предмет и вистински прирок на подметот, во Аналитика Прва овие се третираат како синонимни. Ова ги наведува некои да сметаат дека Аристотел всушност не е авторот на категории.

Десетте категории, или класи, се:

  1. Супстанција. Како што споменавме погоре, поимот „супстанција“ се дефинира како она кое може да се рече дека не е прирок на ништо нити пак постои во рамките на нешто. Затоа, „овој конкретен човек“ или „ова конкретно дрво“ се супстанции. Понатаму во текстот, Аристотел ги нарекува овие "први супстанции" за да ги различи од „вторите супстанции“, кои се универзали. Затоа, „Сократ“ е прва супстанција, додека „човек“ е втора супстанција.
  2. Квантитет. Ова е просторната зафатнина на еден предмет. Сите средновековни расправи за природата на континуумот, за бесконечното и бесконечно деливото, се долги фусноти на овој текст. Ова е од голема важност за развитокот на математичките идеи во средновековниот и доцносхоластичкиот период.
  3. Квалитет Одредување на она што ја карактеризира природата на предметот.
  4. Сооднос Начинот на кој еден предмет е во однос со друг.
  5. Место Позиција во однос на околината.
  6. Време Позиција во однос на текот на настаните.
  7. Ситуација Аристотел ги дава овие примери за да ја илустрира состојбата на мирување произлезена од погоденост: ‘лежење’, ‘седење’. Така ситуацијата може да се земе како крајна точка на соодветното дејство.
  8. Состојба Состојба на мирување како резултат на погоденост (дејствувано врз нешто): ‘обуен’, ‘наоружан’.
  9. Дејствие The production of change in some other object.
  10. Погоденост Примањето на промена од некој друг предмет. Познато и како пасивност. Јасно е од дадените примери за дејствие и погоденост дека дејствието е за погоденоста тоа што активниот глагосли вид е за пасивниот. Така, за дејствие, Аристотел го дава примерот: ‘бодење’, ‘умртвување’; за погоденост, ‘избоденост’, ‘умртвеност.’

Првите шест се подробно разработени во четири глави, додека преку последните четири авторот авторот поминува без поголеми задржувања, како јасни сами по себе. Оваа нееднаквост во третирањето се гледа и во подоцнежните текстови на схоластиците.

По расправата за категориите, дадени се четири начини на кои нештата може да се сметаат за меѓусебно обратни. Потоа делото ги разработува петте смисли во кои едно нешто може да биде попрво од друго, проследено од краток дел на тема едновременост. Потоа се дефинираат шест облика на движење: создавање, уништување, пораст, смалување, преиначување и промена на место. Делото завршува со краток осврт кон зборот 'има' и неговата употреба.

Поврзано уреди