Карпеста лазачка

вид на птица
Карпеста лазачка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Лазачки
Род: Лазачки
Вид: Карпеста лазачка
Научен назив
Sitta neumayer
Michahelles, 1830
Sitta neumayer neumayer

Планинската лазачка (науч. Sitta neumayer) е мала врапчевидна птица што се размножува од Хрватска на исток кон Македонија, Грција и Турција до Иран. Оваа птица е претежно постојан жител (резидентна), освен по некои пост-размножувачки расселувања. Источната карпеста лазачка (Sitta tephronota) е посебен вид, која е распространета по на исток, во југо-Средна Азија.

Планинската лазачка е птица која живее во планините со карпи. Птиците што живеат на повисока надморска височина зиме се спуштаат пониско.

Се храни со инсекти и пајаци лете, заменувајќи ги со семиња и полжави во зима. Се храни на земја, а поголемите животинки ќе ги заглави во шуплината на карпата и ќе ги чука и отвори со својот силен клун. Исто така, лови во лет.

Планинската лазачка е долга 13.5 см, малку е помала од европската лазачка, и има типична голема глава, кратка опашка, моќен клун и силни нозе.

Расата S. n. neumayer од југоисточна Европа е темносива одозгора и има долга, силна, црна линија над окото. Има бело грло и долните делови се прелеваат до окер на стомакот. Половите се слични, а младенчињата се побледа верзија на возрасните.

S.n. tschitscherini од западен Иран е посветлосив одозгора и има послебо изразена линија на окото. S.n. plumbea од јужен Иран е сличен на tschitscherini, но има сиви долни делови.

Оваа територијална птица гради гнездо во вид на колба (топчесто со издолжен влез) од кал, измет, коса или пердуви, во пукнатини на крапи, пештери или под надвиснати карпи. Украсни работи може да стават во пукнатините или дупките на карпите во близина на влезот на гнездото. Гнездото го постилаат со помеки материјали, а отворот е запечатен со кал. Несат 4-10 јајца, бели, испрскани со жолто.

Огласувањето на планинската лазачка е цик повик и треперлива туи-туи-туи песна. Оваа птица е честа во погодните живеалишта низ целата распространетост.

Плиниј Постариот верувал дека оваа птица го инспирирала човекот да гради куќи од кал имитирајќи го нејзиното гнездо.[2]

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Sitta neumayer. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Pliny the Elder. Natural History.