Карпатите претставуваат источен дел од планинскиот масив сместен во Средна Европа, кој ги опфаќа и Алпите. Се нарекуваат исто така и Источни или Трансилвански Алпи. Возможно е да настанале со алувијација на Дунав која доаѓа од Алпите. Тие се постилаат на територијата на Словачка, Полска, Романија и Украина. Највисок врв е 2.655 м високиот Герлаховски Штит во Словачка и 2.544 м високиот Молдовјану во Романија. Тие се млади верижни планини.

Сателитска снимка на Карпатите.

Карпатите го добиле своето име по дакиското племе Карпи, кое живеело на нивната источна падина, во Молдавија, и чие име би можело да потекнува од стариот индоевропски збор кој значи ”камен”.