Карло III (Шпанија)

(Пренасочено од Карлос III (Шпанија))
Карлос III од Шпанија
Крал на Шпанија
Крал на Шпанија
На престол10 август, 1759–14 декември, 1788
ПретходникФернандо VI од Шпанија
НаследникКарлос IV од Шпанија
На престол1 декември 1734 – 10 август 1759
ПретходникКарло VI, Света Римска Империја
НаследникФердинанд I од Сицилија
Војвода на Парма и Пјаченца
На престол22 јули 1731 – 1 декември 1734
ПретходникАнтонио ферензе
НаследникКарло VI, Света Римска Империја
СопружникМарија Амалија од Сахсонија
ДинастијаБурбонска династија
ТаткоФилип V од Шпанија
МајкаЕлизабета од Парма

Карлос III од Шпанија бил крал на Шпанија во периодот од 1759 до 1788 година, крал на Неапол (како Карл VII) и Сицилија (како Карл V) од 1735 до 1759 година и херцог на Парма (како Карло I) од 1732 до 1735 година.

Карлос е роден на 20 јануари 1716 година во Мадрид, Шпанија. Тој е најголемиот син од вториот брак на Филип V од Шпанија со Елизабет Фернезе. Кога имал шеснаесет години бил испратен да управува со Парма. По победата на Шпанија над Австрија, тој станал крал на Неапол и Сицилија. Во 1735 година тој ја предал Парма на Австрија а во замена тој ја добил кралската титула Карл VI. На 9 август 1759 година починал шпанскиот крал Фернандо VI од Шпанија, по кое Карлос бил објавен за нов крал на земјата абдицирајќи од Сицилија и Неапол.

Во текот на своето владеење, тој склучил сојуз со Франција и ѝ објавил војна на Велика Британија, најголемиот шпански конкурент во колонизацијата на Америка. Шпанија ја загубила контролата над Флорида која била заземена од Велика Британија. Во војната за независност на Америка, кралот дал поддршка на американците и во времето на војната Шпанија успеала да ги врати Флорида и Менорка, но не можела и Гибралтар.

Починал на 14 декември 1788 година во Мадрид.