Карломан I (28 јуни 751 –4 декември 771) бил крал на Франките од 768 до неговата смрт во 771. Тој бил вториот преживеан син на Пипин Кусиот и на Бертрада Ланска и помладиот брат на Карло Велики.

Карломан I
Крал на Франките
Гробот на Карломан I, зад оној на Ерментруда, во базиликата Сен-Дени.
Крал на Франките
На престол9 октомври 768 – 4 декември 771
ПретходникПипин Кусиот
НаследникКарло Велики
Роден(а)751
Починал(а)4 декември 771
Самуси (Франција)
Почивалиште
СопружникГерберга
ДинастијаКаролинзи
ТаткоПипин Кусиот
МајкаБертрада Ланска

За Карломан I малку се знае и тој секогаш бил во сенка на својот славен татко и брат а оние што пишувале за него го опишувале како човек кој себеси се сожалувал и кој лесноумно потпаѓал на фалби.[1]

Поделбата на франкиското кралство уреди

На 3 годишна возраст, тој, заедно со татко му, Пипин Кусиот, и со постариот брат, Карло Велики, бил прогласен за крал на Франките и му била доделена титулата "Патрициј на Римјаните" од страна на папата Стефан II, кој дошол од Рим за да го моли франкискиот крал за помош против Ломбардите.[2] Заедно со Карло Велики, после смртта на Пипин, наследил половина од кралството на Франките. Неговиот дел бил центарот на кралството, со престолнина во Соасон и ги опфаќало парискиот басен, Централниот масив, Лангдок, Прованса, Бургундија, јужна Австразија, Алзас и Алеманија. Териториите на Карломан биле полесни во однос на одбраната, но посиромашни во однос на приходите.[3]

Општо сите се согласни дека Карломан и Карло Велики не се сакале еден со друг, иако точната причина за тоа останува непозната: некои историчари сугерираат дека секој од браќата се сметал себеси за единствен наследник на нивниот татко – Карло Велики бидејќи бил постариот брат, односно негово првородено дете, а Карломан бидејќи бил легитимниот син на Пипин[4] (За Карло Велики понекогаш се тврди дека се родил како негов нелегитимен син во 742, но ваквото тврдење не е секојпат прифатено).[3]

Каролишка династија
Пипиниди
Арнулфинги
Каролинзи
По Вердунскиот договор (843)

Натпреварување со Карло Велики уреди

Владеењето на Карломан било кратко и проблематично. Браќата ја поделиле Аквитанија, што довело до бунт после смртта на Пипин Кусиот; кога Карло Велики во 769 повел војска во Аквитанија за да го задуши бунтот а Карломан со својата војска не му помогнал.[5] Карло Велики сепак успеал успешно да го задуши бунтот а однесувањето на Карломан и неговото одбивање да помогне го нарушиле аавторитетот на Карломан меѓу Франките.[6][7] Односите меѓу двајцата браќа уште повеќе се влошиле, па за нивно подобрување интервенирала нивната мајка Бертрада која се чини го фаворизирала Карло Велики во чие кралство и живеела откако останала вдовица.[7]

Во 770, мајката Бертрада почнала да ја имплементира нејзината голема стратегија. Откако ги поминала велигденските празници со Карло Велики во Лиеж, го посетила Карломан во Селц: мотивите за нејзината посета се непознати иако се сугерира дека се обидувала Карломан да го уразуми со цел да го направи посоработлив кон брат му Карло Велики. Какви и да биле плановите, кон крајот на годината Бертрада и Карло Велики успешно го опколиле Карломан: Карло Велики се оженил со Десидерата, ќерката на ломбардскиот крал Десидериј, најблискиот сосед на Карломан на исток, а бракот создал сојуз меѓу Карло Велики и Ломбардите; Бертрада воедно му осигурала на Карло Велики пријателство со Тасило, војводата на Баварија, внук на нејзиниот сопруг; дури се обидела да обезбеди и папска поддршка за бракот молејќи го Десидериј да отстапи одредени римски територии кои ги барало папството, иако папата Стефан останал непријателски настроен кон сојузот на Франките со неговите непријатели Ломбарди.[8] Ваквите маневри биле поволни за Франките но претставувале сериозна закана за Карломан. Тој останал без сојузници: се обидел да го искористи сојузот на брат му со Ломбардите како своја предност во Рим, нудејќи му ја поддршката на папата Стефан III против Ломбардите и тајно преговарајќи со примицериусот, Кристофер, чијашто позиција исто така останала сериозно изолирана после франколомбардското зближување; но после насилното убиство на Кристофер од страна на Десидериј, Стефан III одбрал да ја даде својата поддршка на Ломбардите и на Карло Велики. Но откако Карло Велики ненадејно ја избркат својата ломбардска сопруга, ќерката на Десидериј, овој понижен се чини дека стапил во некаков сојуз со Карломан против Карло Велики и папството кое по овој настан повторно се свртело против Ломбардите.[9]

Смрт и наследство уреди

Карломан умрел на 9 декември 771, во дворецот во Самуси; неговата ненадејна смрт се смета дека е од природна причина (тешки крварења од носот).[10][11] Пред неговата смрт, тој и неговиот брат Карло Велики биле на раб да си објават војна еден на друг, што биографот на Карло Велики Ејнхард го припишува на лошите совети на советниците на Карломан.[10] Карломан бил погребан во Ремс, но во 13 век, неговите мошти биле пренесени во базиликата Сен-Дени.

Карломан се оженил со убава франкиска жена, Герберга, која според папата Стефан III му ја одбрал татко му Пипин Кусиот, заедно со љубовницата на Карло Велики, Химилтруда.[12] Со Герберга имал 2 сина, од кои постариот бил крстен Пипин по татко му, правејќи го со тоа согласно каролиншката традиција, наследник на Карломан и на Пипин Кусиот.[13] После смртта на Карломан, Герберга очекувала нејзиниот постар син да стане крал а таа да владее со кралството како негов регент; сепак, поранешните поддржувачи на Карломан – неговиот братучед Адалхард, опатот Фулрад од Сен-Дени и грофот Варен – се свртеле против неа и го повикале Карло Велики да ја припои територијата на Карломан кон своето кралство, како што било и сторено.[14] Герберга тогаш побегнала[15] со своите синови во дворецот на Десидериј, кој барал од новиот папа Адријан I да ги признае синовите на Карломан за кралеви на Франките.[16] Карло Велики го уништил кралството на Ломбардите како одговор на поддршката на Десидериј на децата на Карломан кои биле негова директна закана. Десидериј и неговото семејство биле заробени, ошишани и затворени во франкиските манастири; судбината на Герберта и на нејзините деца е непозната, иако многу е веројатно и тие да биле заробени во некои манастири на Франките.[17]

И покрај нивниот проблематичен однос и настаните што се случиле по смртта на Карломан, Карло Велики подоцна својот втор легитимен син ќе го крсти 'Карломан' во чест на починатиот брат. Ова веројатно било јавен гест во чест на споменот на чичкото на детото и да се сопрат гласините за тоа како Карло Велики постапил со своите внуци. Во 781, Карло Велики го прекрстил детето во Пипин.[9]

Наводи уреди

  1. Thorpe, Lewis (Translator), Two Lives of Charlemagne, p.5
  2. Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne, p.44
  3. 3,0 3,1 Riché, Pierre, The Carolingians, p.85
  4. Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne, p.62
  5. Collins, Roger, Medieval Europe
  6. McKitterick, Rosamond, The Frankish Kingdoms under the Carolingians, p.64
  7. 7,0 7,1 Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne
  8. Davis, Raymond (Editor), The Lives of the Eighth Century Popes, 102-103 n.76; Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne, 64-65; McKitterick, Rosamond, The Frankish Kingdoms under the Carolingians, pp.64-65; Collins, Roger, Early Medieval Europe, 279
  9. 9,0 9,1 McKitterick, Rosamond, The Frankish Kingdoms under the Carolingians, 65
  10. 10,0 10,1 Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne, p.70
  11. Story, Joanna, "Cathwulf, Kingship, and the Royal Abbey of Saint-Denis", Speculum 74.1 (January 1999:1-21)
  12. Dutton, PE, Carolingian Civilisation: A Reader, p.25
  13. Davis, Raymond (Editor), The Lives of the Eighth Century Popes, 102 n.76
  14. Riché, Pierre, The Carolingians, 86
  15. Einhard, The Life of Charlemagne, in Dutton, PE, Carolingian Civilisation: A Reader, 29
  16. Riché, Pierre, The Carolingians, 97
  17. Chamberlin, Russell, The Emperor Charlemagne, 75.
Карломан I
Роден(а): 751 Починал(а): 771
Претходник
Пипин Кусиот
Крал на Франките
768–771
со Карло I (768–771)
Наследник
Карло I