Кариес (лат. Caries dentium) е хронично заболување на тврдите забни ткива кое напредува прогресивно, центрипетално и доведува до разорување на забот. Причините за појава на кариесот се многубројни, а големата зачестеност го прави едно од најчестите заболувања кај современиот човек. Кариесот започнува на површината на забот (кај 75% од случаите на гризната површина), притоа разградувајќи ја глеѓта (деминерализација) и прогресивно навлегува во длабочина и широчина, зафаќајќи ги останатите структури на забното ткиво.

Кариес
Уништување на заб од кариес.
СпецијалностСтоматологија Уреди на Википодатоците

Кариесот е инфекција која најчесто е со бактериско потекло. Двете најчести причинители за појавата на кариес се бактериите Streptococcus mutans и Lactobacillus. Овие бактерии произведуваат киселина во присуство на ферментабилни јаглехидрати какви што се сахароза, фруктоза и гликоза. Минералната содржина на забот е осетлива на зголемувањето на киселоста што се постигнува со производство на млечна киселина. Кога pH на површината на забот опаѓа под 5,5 тогаш процесот на деминерализација го надвладува процесот на реминерализација (овие два спротивни процеси постојано се одвиваат), што значи дека има вкупна загуба на минералната содржина. Повеќето храни се кисели токму до овој степен, така што без реминерализација, ова доведува до кариес. Во зависност од зафатнината на кариесот се користат различни третмани за враќање на правилната форма, функција и естетика на забот, но досега не е познат метод за регенерација на поголеми количини на забната структура. Стоматолошките организации практикуваат превентивни и профилактички мерки за избегнување на појавата на кариес, како на пример, редовна орална хигиена и промени во исхраната.

Надворешни врски уреди

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори