Казу е дувачки инструмент од групата на мембранофоните инструменти.

Метално казу

Тој претставува цевчеста свирка со отвори од двата краја, при што едниот е стеснет. На околу две третини од должината на инструментот има уште еден кружен отвор. Овој отвор води до една мала комора, каде што има восочна мембрана. Мембраната, која на рабовите е прицврстена со прстен, може слободно да вибрира.

При зборување или пеење во казу, тој на звукот му дава тембр на бас. Казу е инструмент кој потекнува од Америка[1].

Најчесто е изработен од метал, а понекогаш и од пластика.

Наводи уреди