Казан (готвачки сад)

Казан или козон (узбечки: qozon; казашки: 'қазан'; киргиски: казан) — вид голем готвачки сад кој се користи во Средна Азија, приближно еднаков на бојлер или на сач. Тие постојат во разни големини (малите модерни готвачки садови се нарекуваат понекогаш казани), и често се мерат по нивниот капацитет, на пример „50-литарски казан“. Казаните се користат за приготвување на разни оброци, како на пример плов, сумалак, шорпа и баурсаки, и поради тоа се важен елемент при прославите, кога се приготвува храна за голем број на гости.

Приготвување на сумалак во казан во земјена рерна.
Приготвување на шорпа во казан во Киргистан.
Приготвување на плов во казан поставен над отворен оган користејќи метална рамка.

Казаните може да се поставуваат над огнот на повеќе начини. Понекогаш се користат метални рамки, или пак (особено за големите казани) може да се ископа дупка во земјата која што ќе го држи казанот и ќе овозможи да има доволно простор да гори оган под него.