Кабул (персиски: کابل) е главен град на Авганистан. Има околу 2,5 до 4 милиони жители. Тој е економски и културен центар, стратешки сместен во тесна долина на реката Кабул, високо во планините пред преминот Кајбер. Кабул е поврзан со тунел под планината Хиндукуш со Таџикистан. Лежи околу 1.800 m надморска висина. Континуираната војна од 1979 година го ограничи производството на градот. Кабул останува еден од најминираните градови во светот. Населението на Кабул е мултикултурно и мултиетничко, што ја рефлектира историјата на Авганистан. Така, можат да се сретнат Паштуни, Таџици и Хазари. Кабул е сѐ уште во процес на повторна изградба по декадите со војни и уништувања, па затоа не може со сигурност да се одреди бројот на жителите на градот.

Кабул