Кабел е најчесто две или повеќе жици едно до друго, брзани, искривени или во плетенка заедно составени, но исто така се однесува на тешко и силно јаже. Во механиката, каблите, инаку познати како жичено јаже, се користат за дигање, влечење, and шлепање или пренесување на сила со затегнување. Во електротехниката каблите се користат за пренос на електрична струја. Оптичките кабли содржат едно или повеќе оптички влакна во заштитната обвивка која ги држи влакната.

Крај на три јадрен кабел електричен систем во TN-S
6 инчи(15 cm) надворешен пречник, oil-cooled кабли, поминуваат преку Grand Coulee Dam текот. Пример за тежок кабел за пренос на електрична енергија.
Пожар тест во Шведска, приказ на рапиден оган кој се шири преку горење на заштитени кабли. Од голема важност за каблите кои се користат во инсталациите.
500,000 circular mil (254 mm2) единечен проводник кабел за напојување

Електричните кабли тука се главно наменети за инсталација во згради и индустриски капацитети. За пренос на електрична енергија на оддалеченоста поголема од неколку километри видете високонапонски кабел, далновод, и HVDC.

Историја уреди

Јажињата се направени од повеќе видови на природни влакна како што се коноп, сисла, манила, и памук и се користат за подигнување и влечење. Во 19-от век продлабочувањето на рудниците и изградбата на големи бродови ја зголемило побарувачката за посилни кабли. Откривањето на подобрите челични направени со висококвалитетен челик и достапни по ниска цена, така јажињата станаа честа примена во рударството и другите индустриски дејности. До средината на 19-от век, производството на големи подводни телеграфски кабли беше направено со користење на машини слични на оние што се користат за производство на механички кабли.

Во 19-от и полетокот на 20-от век, електричните кабли честопати биле изолирани со користење на крпа, гума и хартија. Пластични материјали обично се користат и денес, освен за високосигурносните енергетски кабли.

Електрични кабли уреди

 
Пресек на електричен кабел

електричните кабли може да се направат пофлексибилни составени од жици. Во овај процес, помали поединечни жици се извиткани или во плетенка заедно прават поголеми жици кои се пофлексибилни од вистинските жици со слична големина. Врзаните во сноп мали жици како составен дел даваат повеќе флексибилност. бакарни жици во кабел можат да бидат голи, или може да бидат обложени со тенок слој на друг метал, најчесто калај но понекогаш злато, сребро или некој друг материјал. Бакар, злато и сребро се многу помалку склони кон оксидација од бакарот, којшто може да го продолжи животот на жицата, и го прави лемењето полесно. Калајот исто така се користи за да обезбеди подмачкување помеѓу жиците. Калајот исто така се користи и во отстранување на гумената изолација. Тесната положба го прави кабелот растеглив (CBA – како жиците во телефонска слушалка).

Каблите може да бидат безбедно затегнати и врзани, со помош на користење на разводни кутии, кабелски спојнициили кабелски врски. Континуиран-флекс или флексибилни кабли се користат при движење во рамки на пренесувачот на кабли кој може да биде обезбеден со помош на влечни уреди или кабелски врски.

При високи честоти струјата има тенденција да поминува низ површината на проводникот. Ова е познато како ефект на обвивка.

Кабли и електромагнетни полиња уреди

 
Коаксијален кабел.
 
Вкрстен пар кабли

Било која струја-проводник, вклучувајќи и кабел, зрачи електромагнетно поле. Исто така, било да е проводник или кабел ќе ја собере енергијата од било кое постоечко електромагнетно поле и околу него. Овие ефекти се често непожелни, во првиот случај во однос на несакан пренос на енергија која може негативно да делива во близина на опрема или на дрги делови од истото парче на опрема; и во вториот случај, несакано примање на бучава која што може да го маскира саканиот звук и се спроведува од страна на каблите, или, ако кабелот пренесува напојување или го контролира напојувањето, ги загадува до таква мерка што предизвикува дефект на опремата.

Првото решение за овие проблеми е да се задржи кабелот по должината на зградата кратко, бидејќи собирањето и трнасмисијата се во суштина правопропорционални. Второрто решение е да се насочи кабелот подалеку од проблемот. Освен ова, постојат одредени кабелски дизајно со кои се минимизира електромагнетниот преод и преносот. Три од главните дизајнирани техники се заштита, коаксијален и вкрстен пар.

Заштитата прави користење на електричниот принцип на Фарадеев кафез. Кабелот е спакуван по целата должина по фолија или жичена мрежа. Сите жици кои функционираат во овај заштитен слој ќе бидат во голема мера одделени од надворешните електрични полнења, особено ако заштитат е поврзана со точка на константен напон, како што е земјата. Едноставната заштита од овај тип не е во голема мера ефикасна против ниската честота од магнетните полиња, сепак - како што е магнетниот "пригушен шум" од моќта на блискиот трансформатор. Основната заштита на каблите кои работат на 2,5 kV или повеќе собира струја, ги заштитува луѓето од струен удар и го изедначува оптоварувањето на кабелската изолација.

Коаксијалниот дизајн помага за натамошно намалување на ниската честота на магнетниот пренос. Во обај дизајн на подлога или мрежна заштита има кружен пресек и внатрешниот проводник е токму во центарот. Ова е причината за напон предизвикан од магнетното поле помеѓу штитот и средниот проводник кој се состои од две речиси еднакви величини кои откажале едни со други.

Вкрстен пар имаат две жици со кабел извиткани едни околу други. Оава може да биде демонстрирано со ставање на еден пар на жици во рака и свртување додека се одржува умерена тензија на линијата. Каде измешаниот сигнал има бранова должина која е долга во споредба со теренот на вкрстениот пар, алтернативаната должина на жици развива спротивни напони со тенденција да го одбие фактот на интерференција.

Противпожарна заштита уреди

Во градежните конструкции, обвивката на елетрчниот кабел е материјал кој е потенцијален извор за разгорување на оган. За да се ограничи ширењето на огнот по должината на кабелот, една можност е да се користат кабел материјали за обложување или да се користат кабли со обвивка које е одбивна на оган. Пластичната обвивка на некои метални кабли може да биде отстранета со исклучување на инсталацијата за намалување на изворот на пожари. Неорганските премази и кутии околу каблите ги штитат околните делови од закана за пожар поврзана со незаштитената кабелска обвивка. Сепак, оваа противпожарна заштита генерира топлина ос загубите на проводникот, па заштитата мора да биде тенка.

Постојат два методи за обезбедување на заштита од пожар на кабел:

  1. Изолациониот материјал е внимателно додаден со огно отпорни материјали
  2. Бакарниот проводник е покриен со минерална изолација (MICC кабли)

Бидови електрични кабли уреди

Основните видови на кабли се следни:

Облик
Конструкција

Според основната конструкција и кабелските својстав, можат да бидат подредени по следниов редослед:

Твинакс-кабел

Специјални

Примена уреди

 
A 250V, 16A електричен кабел во ролна.


Кабелот како мотив во популарната култура уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди