СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
                
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганство · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи

Кабала (хебрејски: קַבָּלָה = „предание, примање“) — дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот. Претставува збир на езотерички учења наменети за одредување на духовното значење на Танахот (Хебрејската библија) и на традиционалната рабинска литература.[1]

Се верува дека дисциплината настанала уште во антиката преку усмените преданија, додека во вистинска смисла била создадена меѓу Евреите во XII век. Низ историјата се создала и кабалистичката литература која се темели на четири основни книги. На почетокот на новиот век, таа имала големо влијане врз западната филозофија, со што била прифатена од познати ренесансни мислители. Денес, постојат организации кои се предводени од главните концепти на кабалата.

Кабалата се состои од три основни составни делови: теоретски, медитациски и практичен.[2] Од нејзините следбеници, кабалата се смета за неопходен дел при проучувањето на Тора (Божјиот закон).[3] Таа учи на доктрини кои се прифатени од некои Евреи, како вистинско значење на јудаизмот, додека други Евреи овие доктрини ги сметаат за еретички.

Потекло на поимот уреди

Потеклото на поимот „кабала“ е од хебрејскиот збор „кабале“ што значи „предание“, и има почетоци уште од древната Месопотамија, (околу XVIII век п.н.е.) Изучувајќи ги законите на природата на околниот свет, Авраам ги систематизирал своите спознанија и на нивна основа го разработил методот на една едниствена управувачка сила, откривајќи ја преку множеството на различни сили, кој човекот ја прима во себе и ги чувствува. Тој метод тој го нарекол „кабала“.[2]

Тој е познат по тоа што не само што самиот длабоко ја истражувал Замислата на создавањето, туку го пренесувал тоа знаење на другите. Така Авраам станал првиот кабалист, ставајќи почеток на цела плејада на учители на кабалата. Најспособните негови ученици станувале учители, кои пак го пренесувале тоа знаење на следното поколение на следбениците. Оригиналниот јазик на кабалата е хебрејскиот јазик, кој изворно (најпрвин) се создавал од кабалистите и за кабалистите, помагајќи им во меѓусебната комуникација за духовните теми. Голем број кабалистички книги се напишани и на други јазици, но основните термини секогаш се употребуваат на хебрејски.

Историја уреди

 
Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам) (1884-1954)

Една од хипотезите, кон која се придржуваат кабалистите за да достигнат духовен мир, е дека Кабалата како наука за спознанието на светот има почетоци уште од древниот град во Месопотамија, Ура Халдеј. Преданието од тоа време (околу XVIII век п.н.е.) раскажува за историјата на жителите крај Меѓуречјето, Авраам – човек кој, во целото свое истражување на околниот свет, открил множества на појави на различни сили од природата, кои влијаат на тој свет,а тоа е една единствена сила. Во почетокот му се претскажало, дека тој се наоѓа под влијание на многу сили, но тој целосно го поминал тој слој на спознание и достигнување, дека сите тие сили се јавуваат како дел од една единствена Виша Сила. Авраам таа сила ја нарекол «Создател »

Многу кабалистички книги се напишани за тоа, почнувајќи со Авраам Патријархот од пред четири илјади години, кој ја напишал книгата наречена “Сефер Јетцира“ (Книгата на Создавањето).[3] Следно важно дело е книгата „Зохар“, напишана во вториот век од христијанската ера. Зохар, е проследена во делата на Ари, познат кабалист од 16 век.

Според сите кабалисти,како што на почетокот на самата книга пишува, Зохар бил напишан од Рабинот Шимон Бар Јохаи (Рашби), кој живеел во 2 и 3 век од христијанската ера. Постојат мислења во образовните кругови кои изјавуваат, дека Зохар бил напишан во 11 век од страна на Кабалистот Рабин Моше де Леон. Ова мислење било демантирано од самиот Рабин Моше де Леон кој рекол дека книгата ја напишал Рашби.

Во 16 век од н.е. се појави кабалист кој ги објасни основите на кабалата - Светиот Ари, Рабинот Исак Луриа (1534-1572). Ари изјавил дека од негово време наваму, мудроста кабала е подготвена да биде отворена за секого.

Коментари на Ариевите дела и на „Зохар“ се појавиле во 20 век, кога е виден најжестокиот излив на човековите желби во историјата. Во текот на овој период, се појавува уникатната душа на Раби Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам). Баал ХаСулам (1884 – 1954 ) ја објаснува мудроста кабала, на начин разбирлив за нашата генерација. Покрај тоа, Баал ХаСулам бил единствениот Кабалист на 20 век, кој пишувал коментари на Зохарот и на Ариевите дела.

Делото на Јехуда Ашлаг го продолжува неговиот првороден син Барух Ашлаг (1906-1991 ,познат како Рабаш. Неговиот ученик и личен асистент д-р Михаел Лајтман,основач и управител на Академијата за изучување и истражување на Кабала “Бнеи Барух“ денес се согледува како најпризнат жив кабалист на автентичната кабала. Бнеи Барух го изучува методот кој е наследство од Јехуда Ашлаг,преку неговиот син Барух Ашлаг,наменет за современиот човек. Бнеи Барух,Институт за истражување и изучување кабала, бесплатно ја споделува мудроста Кабала на современ јазик, со цел да се убрза духовниот развој на човештвото. Наставните материјали преведени на повеќе од 28 јазика, (меѓу кои и на македонски јазик), се засновани врз автентични кабалистички текстови, пренесувани од генерација на генерација.

 
Кабалистички центар во Лос Анџелес

На преминот од средниот кон новиот век, кабалата влијаела на западната филозофија преку пантеизмот со неоплатонски елементи, мистицизсам и верување во волшебната моќ на природата. Во тоа време кабалата ја проучувале познати ренесансни мислители, како Љуљ, Фичино, дела Мирандола, Ројхлин, Парацелзиус и Агрипа.

Во последно време, интерес за кабалата пројавуваат и луѓе кои не се Евреи. Од славните личности, најпозната е Мадона.[4]

Основни текстови уреди

Кабалистичката литература, која е основа за поголемиот дел од развојот на кабалистичката мисла, се развила во вториот век по нашата ера. Во основата на кабалата се четири книги.

Првата кабалистичка книга е „Сефер Јецирах“ („Книга на создавањето“ или „Настанување“).

Втората книга е „Сефер Хабахир“ или „Бахир („Книга на сјајот“)“, која за првпат била издадена во Прованса во 1174 година и посочува на тоа дека што и да се случи „овде“, се случува и „онаму“ во Бог и дека сè што постои „овде“ претставува различни бесконечни ммодалитети на Бог и носи различни божествени имиња.

Од осбено значење се и пишувањата на еврејскиот филозоф и рабин, Ари, кои се познати и како Ариеви писма, а всушност содржат повеќе книги, од кои најчесто изучувана е „Ец Хаим“ („Дрво на животот“).

Концепти уреди

Според кабалата, Библијата во себе ги крие сите тајни на универзумот, но не ги изучува буквално, како книга на заповедта и забраната. Учењето, исто така содржи и многу преданија од Талмудот. Според кабалистичката традиција, патријарсите, пророците и мудреците го пренесувале знаењето усно.

Кабалата се обидува со езотерилни учења да го дефинира Танахот и да ја објасни халахата. Меѓу другото, учењето гопроучува и односот меѓу Бог и создадениот свет, постоењето на доброто и злото и употребата на свети имиња. Според кабала, постојат 72 имиња за бога, а универзумот е создаден од четири димензии на битија.

Според кабалата, смислата на животот е да се прима радост и исполнување, што Бог им го наменил на луѓето. За човекот да се ослободи од сите негативни работи, кои од тоа го одвојуваат, потребен е духовен напор. Кабала се одликува со насоченост кон внатрешноста, односно пронаоѓање на светото божествено во внатрешните длабочини на сите работи. Автентичната кабала не се поврзува со маѓии, црвени конци, амајлии, медитации, свети води, тарот карти, или било што друго што произлегло од нејзиното криење и неразбирање, како и од нејзината популарност.

Сфаќањето на Бога уреди

 
Кабалистичкото дрво на десетте сефироти

Според Кабалата, секоја идеја израснува од Бога,[5] и целото учење се заснова врз ова верување. Кабалата учи дека Господ не е ниту материја ниту дух, туку творец на тие две.

Сефирот уреди

Сефирот (סְפִירוֹת) (множина од Сефира) се десетте еманации на Бог, со кои тој го создал универзумот. Сефирите одговараат на различните нивоа на создавање и произлегуваат од создавачот заради создавање на универзумот. Сефирите се сфаќаат како откривање на божјата волја,[6] а никако не смеат да се сфатат како десет различни „божества“, туку само како десет начини преку кои еден Бог ја открива својата волја. Не е Бог тој што врши промени, туку способноста да се забележи Бог.

Имињата на десетте сафироти се:

  • Круна.
  • Мудрост.
  • Знаење или разум.
  • Добрина.
  • Суд или храброст.
  • Хармонија или убавина.
  • Победа.
  • Слава.
  • Основа.
  • Суверенитет или царство.

Овие десет сефири, со заедничко име се познати и како „дрво на десет сефирот“, односно „дрво на десет сефири“. Сефирот се активираат со изговорување на божјите имиња на хебрејски, визуелизација на архетиповите поврзани за секоја сефира одделно и различните бои кои ја активираат енергијата на одделни сефири.[7]

Дрво на животот уреди

Според кабалата, дрвото на животот го претставува патот до Бога.[8] Дрвото се состои од три столба: десен - женски, лев - машки и среден столб. Се поклопува со деловите од човечкото тело, при што највисоката сефира одговара на главата, најниската на стапалата, средната на плексусот итн. Дрвото на животот претставува основа на сите кабалистички магиски ритуали. Магиската техника се одвива од највисоката сефира кон најнискиската, додека медитациската се одвива обратно, од најниската кон највисоката. Целта на медитациската техника е да се развијат личните особини, додека магиската го менува и создава светот.

Зохар уреди

“Отворете си го срцето, и јас ќе ви го откријам светот“

Зохар[9] е збирка на коментари на Тора.

Сигурно не постои книга, околу која имало толку мистерија, контроверзии и загатки, колку што се собрало во текот на годините околу Книгата „Зохар“. Историјата на нејзиното пишување, исчезнувањето и нејзиното повторно појавување во нашето време личи на најинтересен детективски роман. „Зохар“ е книга на претскажувања и откривања кои можат да ги дешифрираат само кабалистите. Таа била напишана во Израел, во малата тесна пештера Идра Раба скриена во шумите на Цват, во подножјето на планината Мирон.

Во неа пишува за сè: за мирот и војната, за човекот и власта, за создавањето и уништувањето, за управувањето со Вселената и со иднината на човештвото. Сите пророштва на Нострадамус, сите откритија на Галилеј, Њутн, Ајнштајн – сè е веќе запишано во оваа книга.

Откривањето на Зохар значи откривање на нашиот внатрешен свет и нашиот неограничен потенцијал. Или како уште се нарекува “кодот“ на нашите души.

Во кабалистичкиот пристап, на прашањето зошто Зохарот бил напишан, е далеку поважно од прашањето кој всушност го напишал. Целта на Зохар е да биде водич, за да луѓето го досегнат потеклото на нивните души.Овој пат до потеклото на душата се состои од 125 чекори. Рабинот Шимон Бар Јохаи (Рашби), го изразил севкупниот духовен пат низ тие 125 чекори и го нарекол „Зохар“ - "Сјај “ (блесок) на хебрејски.

Оние кои немаат духовно достигнување, Зохар го читаат како збирка алегории и легенди кои можат да се толкуваат и различно се третирани од страна на секој поединец. Но, за оние со духовно достигнување, односно за Кабалистите, Зохар е практичен водач за внатрешните акции кои ги изведуваат, со цел да откријат подлабоки, повисоки состојби на согледување, и сензација.

Зохар не може да се сфати и почувствува непосредно, туку бара подготовка на духовноста, пред да се пристапи кон книгата. Најголемиот кабалист на нашето време Раби Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам) напишал „Вовед во Зохар“, за прецизно водење кон подготовката, кон оваа длабока книга, пред да се студира. Како да им се пристапи на некои термини, фрази, и концепти во Зохар, да се зголеми неговото користење како водач за духовно остварување, избегнувајќи изгубеност во материјализирани претстави, бидејќи човечкиот ум е наклонет кон давање облик.

Од крајот на 2009 г. д-р Михаел Лајтман го објаснува „Зохар“ прецизно, но разбирливо за нашата генерација, бесплатно и достапно за сите на мрежната страница на Академијата за истражување и изучување кабала: [4]

Херметичка кабала уреди

Херметичката кабала е дел од западната езотерична и мистична традиција. Се темели на филозофската основа за многу херметички општества, како Златната зора, О.Т.О Архивирано на 4 јуни 2014 г., розекрајцерите, Њу Ејџ и бројни неопагански движења..

Во себе содржи бројни влијанија кои произлегуваат од еврејската кабала, алхемијата, астрологијата, херметизмот, паганските верувања, неоплатонизмот и таротот.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Imbued with Holiness“. Архивирано од изворникот на 2009-05-26. Посетено на 2008-11-06.
  2. Bettini, Dolores, стр. 15.
  3. The Written Law (The Torah)
  4. Kabbalah: is Madonna losing her religion? Архивирано на 25 септември 2015 г., The Independent, 9 јули 2006
  5. Артур Курцвеил, Кабала за почетници, стр.84
  6. The Song of the Soul, Yechiel Bar-Lev, стр. 73.
  7. Encausse, Gerard (Papus), The Qabalah: Secret Tradition of the West. York Beach, ME: Samuel Weiser, Inc. (2000), стр. 83-84, ISBN 0-87728-936-0.
  8. Falcon, T. & Blatner, D. (2001), Judaism for Dummies, New York, NY: Wiley, John & Sons, Inc. стр. 78.
  9. [1]

Литература уреди

  • The Zohar: annotations to the Ashlag Commentary , Date Published: February 2009 ISBN : 978-1-897448-09-0 [5] Архивирано на 30 април 2010 г.
  • Mihael, Laitman, "Attaining the Worlds Beyond" , Toronto, 2005,ISBN 9780973190908, [6]
  • Mihael, Laitman, "Kabbalah, Science and the Meaning of Life: Because your life has meaning." Toronto, 2006,ISBN : 0973826894 [7]
  • Bnei Baruh, Kabbalah Education & Research Institute, "Kabbalah for the Student" Toronto, August 2009 ISBN : 9781897448151 [8] Архивирано на 2 јануари 2011 г.
  • Idel, MosheЌ Kabbalah: New Perspectives. New Haven and London: Yale University Press, 1988.
  • Scholem, Gershom; Kabbalah, Jewish Publication Society, 1974.
  • Kellogg, Michael R., Wondrous Wisdom, Laitman Publishers, Toronto, 2005, ISBN 0-9732315-8-0.
  • Михаел Лајтман, Откриена кабала, Клуб Матица 2011, Скопје, ISBN 978-608-10-0117-4.
  • Michael Laitman: Quantum Kabbala: Neue Physik und kabbalistische Spiritualität; Berlin: Allegria (Ulstein), 2007, ISBN 978-3-7934-2105-4.
  • Giovanni Pico della Mirandola: Conclusiones philosophicae, kabblisticae et theologicae sive theses DCCCC, 1486 – Philosophische, kabbalistische und theologische Schlussfolgerungen.
  • Franz Bardon: Der Schlüssel zur wahren Kabbalah, Wuppertal: Rüggeberg, 1998.

Надворешни врски уреди