Историја на папството

Историјата на папството ја претставува духовната и временската улога на папите во текот на повеќе од 2.000 години, односно од доаѓањето на Свети Петар во Рим, па сè до ден денешен. Папството е претставувано од страна на папата. Во прилог на неговата улога, тој е духовен шеф на Римокатоличката црква како и државна глава на Ватикан, независна и суверена град-држава која се наоѓа во Рим.

Статуа на Свети Петар. Свети Петар бил првиот папа. Статуата била изработена во времето на Папа Пиј IX.

Во принцип, нема официјален список на папи, но сепак Annuario Pontificio (Папски годишник) содржи список според кој вкупниот број на папи до денеска изнесува 265. Во 2001 година била направена религиозна студија од страна на Римокатоличката црква за историја на папството.[1] Врз основа на истите податоци, на папскиот стол се качиле вкупно 265 папи, а 267 е вкупната листа според хронологијата на папството. Разликата се гледа во фактот што папата Бенедикт IX бил трипати избиран за папа во периодот од 1032 до 1048 година.

Историски, временската улога на папството може да се подели на три главни периоди: создавањето односно почетоците на црквата, среден век и модерната ера. Во времето на раната црква, папата служел само како епископ на христијанската црква во Рим. Дури и во таа духовна улога, неговата улога била оспорувана за тоа дали патријарсите биле потчинети на епископот на Рим.

Вториот временски период од историјата на папството започнува од IV век до создавањето на Кралство Италија и запленувањето на папската земја од страна на државата во 1870 година. Во текот на средниот век, папството ја постигнал својата висина на моќ, консолидација и унифицирање на црквите во Западна Европа, по кое биле проширени териториите на католичката религија. Но, во текот на средниот век се случила и Големиот раскол која довела до поделба на црквата на источна и западна односно византиска и католичка. Освен тоа, во текот на средниот век настапила и протестантската реформација која довел до уште еден раскол на црквата.

Модерната историја на папството започнала кон XIX век. Во текот на тој период до денес, папата главно се фокусирал на неговата улога како духовен поглавар на Римокатоличката црква.

Католиците папата го признаваат како наследник на Свети Петар, кој според христијанската библија бил познат по прекорот карпа односно камен.[2][3] Иако Петар во текот на својот живот никогаш не бил наречен со таа титула, сепак католиците го признаваат како прв папа.[4] Сепак, денеска не постојат доволно докази според кои се смета дека апостол Петар бил прв епископ на Рим.[5][6][7]

Во времето на реформацијата, прашањето околу потеклото на папството било од витално значење за сите христијански цркви. Некои протестантски теолози сметале дека Петар никогаш не бил во Рим. Така, римскиот живот и смртта на Петар е измислена. Други сметаат пак дека апостол Петар бил погребан во Александрија, денешен Египет или во Антиохија.[8] Сепак, денеска овие тврдења не се многу популарни во религиозниот свет. Традиционалните римокатолички погледи се дека апостол Петар живеел во Рим каде што и починал.

Рано христијанство уреди

Апостол Петар и потеклото на папството уреди

 

Околостите околу животот и смртта на Апостол Петар, како и неговата точна локација на неговите останки во голема мера денеска остануваат мистерија. Во времето на раното христијанство, раните христијани не оставиле голем број на пишани документи. Најголемата документација околу христијанската заедница во Рим како и активностите и мисионерството на Петар се наоѓаат во Ватикан.[9]

Климентовото Писмо кое било напишано во 96 година[10] го потврдува страшниот прогон на раните христијани од Рим[11].

Попради исправените посланија и неговите христијански убедувања, Свети Игнатиј Антиохиски бил осуден на смрт од страна на Римјаните[12] Годините помеѓу 166 и 176 година, бискупот од Коринт, Дионисиј изјавил дека апостолите Апостол Павле и Петар биле во градовите Коринт и Рим, каде што го проповедале Евангелието.[13] Во околу 190-200 година, римскиот свештеник Гај пишува околу одбрната на својата христијанска вера[14][15] за Ирениј (починал 202), кој го потврдил основањето на Римокатолилчката црква од страна на Петар и Павле.[16]

Библиски теории уреди

За разлика од историските погледи околу потеклото на папството и околностите за животот на Петар во Рим кои не се целосно документирани, библиските темели од Новиот завет дава целосна слика за тоа. Според Новиот завет, во сите евангелија апостол Петар е сметан како водач над сите останати апостоли. Во евангелијата на Матеј, Лука, Јован и Марко исто така се споменува Петар како водач над сите апостоли, како прв ученик кој бил повикан од Исус.[17]

Околу догмата и според традицијата на Римокатоличката црква за нејзиното основање, таа пред сè се потпира врз изводите од Библијата во Евангелието на Матеј:

И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.” [18][19]

Но, оваа послание кон Петар не се манифестирало само во оваа понуда. По воскреснувањето, Исус Христос го поверил Петар како “мандатор“ за распространување на новата вера[19](Јован, 21:15). Во Евангелието на Лука се вели:

Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!” (Лука, 22:31)[19]

Сепак, некои некатолички научници сметаат дека Исус не планирал да формира црква која ќе владее над сите.[20]

Православен поглед уреди

Православните теолозите се согласуваат дека во Матеј 16:18, фразата "камен или карпа" најверојатно лично се однесува на апостол Петар.[21] Некои православни научници Петар не го гледаат како водач над останатите апостоли, тврдејќи дека Петар не поседувал толкава моќ и власт за време по распнувањето на Исус.

Православните историчари, исто така сметаат дека одењето на апостол Петар во Рим и неговото проповедење не претставувал главен фактор за решавањето на христијанското прашање. Православните христијани исто така сметаат дека градот Рим не треба да ја има т.н. апсолутна власт над христијаните бидејќи светата престолнина е градот Ерусалим, којшто во исто време треба да се сета и како “мајка на сите цркви“. Освен ова, епископот на Антиохија исто така би требало да се признае како директен наследник на апостол Петар бидејќи Петар бил првиот епископ на Антиохија, место каде била основана една од најраните христијански цркви.

Приматот на Рим уреди

Во почетокот на развојот на христијанството историјата на христијанството, пет градови се појавиле како важни центри на христијанството: Ерусалим, Антиохија, Александрија, Цариград и Рим како единствен центар на западот на Европа. Овие пет градови ја претставуваат т.н. христијанска пентархија.

Моќта на Епископот на Рим се зголемила заедно со намалувањето на моќта на империјата. Преку едиктот на Теодосиј II и на Валентинијан III, римскиот епископ бил прогласен за “ректор на целата црква“. Царот Јустинијан I, кој потекнувал од Источната римска империја, во VI век објавил слична уредба.[се бара извор] Во текот на VI век, моќта на папата се зголемила како никогаш дотогаш..[22]

Империјалната ера: 42-395 уреди

 
  Ширење на христијанството до 325 година
  Ширење на христијанството до 600 година

Почетокот на папите и легализација уреди

Голем број на папи во првите три векови од христијанската ера претставуваат нејасни фигури. Поголем дел од нив се прогласени за маченици, во периодот на христијанските прогони. Христијанството успеало да одолее на нападите на царот Диоклецијан, но не само тоа, туку успеало да привлече голема маса на народ. Христијанството за првпат било легализирано во времето на царот Галериј, кој го издал указот за толеранција на сите религии, вклулувајќи го и христијанството, во април 311 година.[23] Царот Галериј во 311 година бил еден од последните императори кои извршиле прогон на христијанското население од империјата[24]. Константин I Велики и Лициниј во 313 година го издале т.н. Милански едикт, со кое христијанската вера се прогласила за рамноправна религија во империјата. Константин станал првиот христијански император кој според некои историчари, лично ја прифатил новата религија. До 391 година, во времето на владеење на царот Теодосиј I, христијанството станало најраспространета религија во Римското Царство.

Промени во структурата на црквата уреди

По Миланскиот едикт, црквата ја усвоила владината структура на црквата во рамките на империјата: со географските провинции владееле епископи. Рим не бил единствениот град кој можел да игра специјална улога во црквата. Ерусалим имал голема улога во тој период, како место на распнувањето и воскреснувањето на Исус, место каде што за првпат наследниците на Исус биле наречени христијани, и место каде се одржал Ерусалимскиот собор на апостолите. Цариград станал многу важно место за империјата и црквата по преместувањето на престолнината на империјата од Рим во времето на Константин Велики во 330 година.

Папа Милтијад и неговите наследници уреди

Папа Милтијад бил римски папа во периодот од 10 јули 310 до 10 или 11 јануари 314 година. Тој е првиот папа по крајот на прогонувањето на христијаните по подпишувањето на Миланскиот едикт во 313 година. Црквата Свети Јован Латерански станала седиште на епископијата во Рим. Во 313 година се одржал Латерански синод во Рим, по налог на царот.

Папа Силвестер I (313-335), во времето на Константин Велики, ја изградил големата катедрала во Рим, денес позната како Света Кроче ин Герусалем. Првиот вселенски Собор се одржал во 325 година, во Никеја, Мала Азија, денешна Турција. На тој собор бил формулиран карактерот на папството. Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на Господ Исус Христос во однос на неговата врска со Отецот, односно дали Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Од овде произлегло и Аријанството, чиј водач Ариј не се согласувал во поглед на истото прашање.

Во времето на Папа Либериј (352-366), аријанскиот конфликт помеѓу царот и папата кулминирал со соборот во Арлес (353), свикан од Констанциј II, каде бил осуден донатизмот.[25] Во практика, папата не учествувал на вселенскиот собор.[26] Во времето на папа Дамас I (366-384) спорот околу аријанизмот бил решен во полза на папската позиција. Папата ги отворил катакомбите кои биле затворени во времето на Диоклецијан. Во времето на папа Сирициј (384-399) биле напишани првите пишани папски декрети за црковната дисциплина. Во времето на папа Целестин I, африканските епархии станале црковни единици на римската епархија.[25] Во текот на V век, епископот на Рим започнал да го проширува своето влијание над останатите епископии.

Византиско папство уреди

Византиското папство е период на владеење на т.н. византиски папи од 534 до 752 година, период кога папите биле избирани со одобрување на царот во Цариград. Историски, царот Јустинијан I италијанскиот полуостров го зазел по Готската војна.

Среден век уреди

Клучни датуми уреди

Папа Симах уреди

Во 502 година, папата Симах издал декрет според кој се збранувало да се врши каква било предизборна агитација сѐ додека еден папа е жив, и дека папата е оној којшто треба да го именува својот наследник, ако таква ситуација не се исполни поради н неочекувана смрт на папата. Во таква ситуација новиот папа бил избиран од страна на свештениците. Предвремената форма на избор од страна на свештенството била укината. Византија силно го обвинувала, дека врши неканонски дејствија, па дуруи и прељуба, но имал шанса да се оправда.

Папа Григориј I уреди

Папата Григориј I, наречен „Велики“, како млад монах, во 590 година станал папа и на таа функција се задржал до 604 година, до неговата смрт. Негов најголем придонес е воведување на реформи во администрацијата во папството. Вовел литургиски реформи кои се познати по т.н. Григоријска песна. Тој е познат и по тоа што дал поттик на мисионерската активност помеѓу паганските народи во северните делови на Европа, особено на мисионерската иницијатива на Свети Августин Кентербериски во Англија.

Лангобарди уреди

Царството на Лангобардите својот врв го достигнал во VII век и VIII век. паганството и аријанството биле основните верувања помеѓу овој народ, за да подоцна го прифатат католицизмот. Ширењето на римската култура и латинскиот говор постепено се наметнувал кон пошироката маса од градовите.

Дарувањето на Константин уреди

 
Фреска од XIII век, папа Силвестер и Константин го покажуваат дарот

Константиновата даровница се однесува на документот кој папите долго време го користеле за да ја претстават својата црква и света власт над останатите црковни епископии. Се сметало дека документот бил издаден од страна на царот Константин Велики на Папа Силвестер I (317-335) според кој царот му ја предал врховната власт над Западното Римско Царство. Документот содржал акти околу изборот и насочувањето на правата вера, црквата во Рим била избрана над сите останати и била прогласена како врховна, папата добил голем број на привилегии, богати дарови на црквите а римските кардинали го добиле чинот сенатори.

Сепак, неисправноста и невистинитоста на овој документ била докажана од страна на италијанскиот научник Лоренцо Вала. Тој бил добар познавач на класичните јазици и кога го прочитал и анализирал т.н. Константински дар заклучил дека документот не бил напишан во времето на царот Константин Велики, туку бил создаден подоцна. Дел од научниците сметаат дека тој документ бил направен во времето на Папа Стефан II (752-757), а според други истиот бил направен кон средината на IX век.

Пипинова даровница уреди

Во 751, Аистулф ја зазел Равена, и најавил напад и на Рим. За да одговори на овие закани, Папа Стефан II отпатувал сдеверно од Алпите за да се сретне со кралот на Фрнаките, Пипин III. Во времето кога Пипин бил избран за цар, тој посакал својот избор да биде потврден од страна на папата, преку кое неговата династија, династија на Каролинзите, би биле признаени како кралска наследна династија во Франција. Од него папата побарал помош околу навлагувањето на Лангобардите кон териториите на денешна Италија, зазимајќи ја најпрвин Равена, со кое настанала и слична закана за градот Рим.

По состанокот, царот на Франките му дал обеќање дека заземаните територии од страна на Лангобардите ќе бидат вратени на наследниците на Свети Петар. Во документот од 754 година, Пипин гарантирал дека Дукат Рим, Равенски егзархат, Пентаполис, Тусција, Венето, Истра, Сполето и Беневенто ќе бидат вратени како црковни територии на папството. Оваа обеќање станало познато како „Пипинова даровница“, и како такво се смета за темел на Папската Држава кои територии биле дадени во 756 година. Така, во следните единаесет векови, историјата на Рим ќе биде еден вид синоним на историјата на папството.

IX век уреди

По сè почестите физички напади од страна на непријателите на Рим, Папа Лав III во 799 година заминал во посета на Падерборн, каде се сретнал со Карло Велики.

Денеска не е познато што точно било договорено помеѓу двете страни на таа посета на папата. Карло Велики во 800 година заминал во Рим каде му дал полна поддршка на папата. Како награда, во Базиликата Свети Петар, на Божик, Карло Велики бил избран за прв император на Светото Римско Царство, која во текот на средниот век одиграла голема улога во историјата на христијанството. Изворите говорат дека кога Карло Велики се наоѓал пред олтарот во црквата Свети Петар и кога бил при крајот на својата молитва, папата му пријдол и на главата му ја ставил царската круна. Неговата титула во Западна Европа била вонупотреба уште во времето на абдикцијата на Ромул Август во 476 година.

X век уреди

Периодот од владеењето на Папа Сергиј III од 904 година до смртта на Папа Јован XII во 964 година, во историјата на папството е познат како период на порнократија или Saeculum obscurum.[27]Папа Сергиј III е прогласе како единствениот папа досега за кого се знае дека наредил да биде убиен друг папа, и единствениот, чиј незаконски роден син го зазел неговото место. Неговата љубовница била Марозија. Овој период завршува во врмето на Папа Јован XII, во кој период папството било контролирано од страна на силните и корумпирани аристократски семејства.[28]

XI век уреди

XI век често се нарекува како век на саксонските папи: Папа Григориј VI (1045 - 1046), Папа Климент II (1046 - 1047), Папа Дамас II (1048), Папа Лав IX (1049 - 1054), Папа Виктор II (1055 - 1057) и Папа Стефан IX (1057 - 1058).

Во овој период настапила т.н. борба за инвеститура или спор за давање на полномоштво. Спорот се водел помеѓу папа Григориј VII и германскиот цар Хенрих IV. Суштината на проблемот била во тоа кој да ги поставува епископите и респективно истите да ги контролира, папата или царот. Во некои моменти, спорот се претворил во вистинска војна помеѓу духовната и политичката власт. По почетните успеси на царот, сепак на крај како победник излегол папата. Како една од причините за успехот на папството се наведува поддршката од страна на селското население, кое во голема мера имало доверба во институциите на црквата. Победата на папите довела до апсолутна власт над Западна Европа, кое довела до започнување на Крстоносните војни.

Папа Григориј VII уреди

За време на владеењето на папата Григориј VII, настапил период на моралната практика на свештениците и борба со светската власт за прифаќање на христијанството во Западна Европа. Во 1077 година неговиот однос со гермнскиот император Хенри IV се изостриле. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа, и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Царот отишол во резиденцијата на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над царот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за крстоносните војни.

Источно-западна шизма уреди

Разликите во христијанското единство кое доведе до Големиот раскол во 1054 година започнало да се чувствува уште во IV век. Причината за Големиот раскол не се гледало само во духовните разлики, но и во културните, политичките и јазичните разлики. Теолозите чие потекло водело од Западна Европа претежно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е филозофијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува грчкиот јазик, а додека во западниот латинскиот јазик. За разлика од Коптската и ерменската црква, кои се разделиле во V век, источната и западната црква останале подолго лојални кон верата. Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторите само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот симбол.

Со расколот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папите кој Православната црква не го прифаќа. Повеќе од папите го форсираат унијатството: така Папа Пиј IX во енциклопедијата "Litterae ad Orientales" (1848), Папа Лав XIII во "Praeclara Gratulationis" (1894), Пиј во "Rerum Orientalis" (1928) и "Lux veritas" (1931). Во декември 1854 година, Папа Пиј IX, папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папа Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во 1950 година, во ноември папите Пиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на Дева Марија (во апостолскиот устав „Munificentissimus“).

Урбан II и крстоносни војни уреди

 
Папата Урбан II повикува на поход кон Светата земја

Папа Урбан II е најмногу познат поради започнувањето на Првата крстоносна војна. Урбан II организирал грандиозен црковен собор во 1095 година во градот Клермон (Франција), каде тој ги повикал христијаните на поход кон Светата земја (Ерусалим) сè со цел да биде ослободен гробот на Исус Христос, при кое обеќал простување на учесниците и нивните гревови.

Подготовката на крстоносните војни и конкретно на Првата крстоносна војна започнала уште во раното средновековие. Распаѓањето на Каролиншкото Царство во минатите векови, заедно со големата стабилност на европските граници по христијанизацијата на викинзите и унгарците дошло до создавање на цела класа од војници, чија крајна цел била тероризирање на селското население. Како предизвик за ова насилие започнале кампањите против нехристијанското население. Во времето на подемот на Реконкистата на Пиренејскиот полуостров се регрутирале на шпанските рицареви, како и војници од другите делови на Европа, во војна против маврите. Норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.

Поради овие непрекинати војувања со муслиманите, се создала идеја за можна војна против муслиманите. Папа Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светата Земја изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“ центарот на христијанскиот свет, Ерусалим, место каде Исус Христос проповедал, место каде е Бил распнат на крст, место каде Воскреснал.

Папа Инокентиј III уреди

Во времето на Папа Инокентиј III, во 1212 година бил организиран детскиот крстоносен поход, кој завршил без успех. Во 1215 го свикал Четвртиот латерански собор.

Инквизиција уреди

Инквизицијата, претставувала суд на католичката црква за заштита на верата. Основана е со папски декрет на 29 август 1289 година. Дејствувала во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна била озлогласената шпанска инквизиција. Во почетокот, инквизицијата како форма за борба со ересите се одвивала без папската улога. Истата била воведена од страна на Папа Луциј III кон крајот на XII век.

Авињонско папство 1309-1377 уреди

 
Средновековна карта на Рим од тој период. Цртежот го претставува градот Рим, како вдовица која жали за губитокот на папството.

Авињонско папство е периодот во историјата на римокатоличката црква од 1305 до 1378, кога папска престолнина бил градот Авињон во Франција. Францускиот крал Филип IV убавиот успеал да се наметне при изборот на францускиот кардинал Климент V за папа и да ја папаската столица во Авињон. Во тој период, папаството и францускиот кралски двор соработувале до 1342, а потоа следувало силно влијние на францускиот двор до 1378. Во 1378, папата повторно се преселил во Рим, но тогаш настанала поделба и дошло до Западната шизма (1378-1417).

Конфликтот помеѓу царевите на Светото Римско Царство довел до тоа, кој да биде предводник на христијанството по однос на секуларните прашања. Успесите во првите крстоносни војни, претставувале престиж за папата, англиските кралеви, француските и царевите на Светато Римско Царство, кои личеле на папски војсководци кои го предводат папата во борба против неверниците. Исклучок бил царот Фридрих II, кој војувал во крстоносен поход и по две исклчувања оц црквата.

Сите папи во овој период биле Французи. Но, сепак тоа не треба да биде пренагласено, бидејќи во тоа време северна и јужна Франција културно се разликувале. Во тоа време, градот Арл бил независен и бил дел од Светото Римско Царство, а Тулуза бил полунезависен. Книжевноста во Лангдок доста се разликувала од оние во северните делови на Франција.

Западен раскол уреди

Западната шизма е раскол во Римокатоличката црква во 1378 година.[29] По смртта на Папа Григориј XI, изборот на нов папа се одвивало во многу напрегнета атмосфера. Многу кардинали, кои биле со потекло од Франција сакале престолнината да ја вратат во Франција, а италијанските кардинали сакале новиот папа да биде италијанец со седиште во Рим. На 8 април 1378 година, една толпа го презела дворецот на зградата каде што се заседавало за изборот на нов папа. На овој начин, бил избран новиот папа Урбан VI. По ова, француските кардинали изборот го објавиле како неважечки и го повикале новиот папа да се откаже од престолот. За папа тие го избрале Климент VII. Од друга страна пак, и папата Урбан VI не го признавал легимитетот на Климент и создал свој сопствен кардиналски совет.

Така бил ставен почетокот на големата западна шизма која продолжила 40 години. На страната на папа Урбан VI застанале Германија, Италија, Полска и Скандинавија а на страната на папа Климент VII застанале Франција, Шпанија и Португалија. Се смета дека законскиот папа била Урбан, а Климент бил т.н. антипапа. Во одлуката да се врати во Рим, врз папата големо влијание имала и Катерина Сиенска, која проповедала враќање во Рим. Со враќањето во Рим (1378) започнало ново прекинување на папата и во Рим и во Авињон. Тое се нарекува Западен раскол, која завршила дури во 1417 со неколку совети, меѓу кои и оној во Констанца. Резултат на ова било воспоставувањето на црковни совети, кои имаат поголема власт од папата. Сепак тоа не валадеело долго по 1417. За нов папа бил избран Папа Мартин V.

Рана модерна Европа уреди

Ренесанса уреди

Ренесансата е период на многу културни промени и постигнувања, одбележени најпрвин во Италија. Ренесансата се одликува со класична ориентација на богатството преку меркантиската трговија. Градот Рим, папството и папските членови биле многу засегнати од ренесансата. Ренесансата е време кога биле создадени големи архектонски дела, а најголеми уметници од тоа време се Микеланџело, Рафаел Санти, Донатело, Леонардо да Винчи, Донато Браманте, Филипо Брунелески и други.

Во времето на Папа Јулиј II била започната изградбата на базилика Свети Петар. Како и своите претходници, папата Јулиј II водел непотизам, со тоа што ги назначувал своите роднини за епископи и кардинали. Тоа биле членови на семејствата дела Ровере и Орсини. Во тоа време, сѐ уште било вообичаено папскиот миленик да стане кардинал и да заземе висока должничка функција во римската курија како папски намесник. Тој успеал да склучи пригодни бракови за своите вонбрачни деца, да обезбеди соодветно богатство и да се поврзе со благородничките семејства во Европа.

Реконструкција на Рим уреди

 
Базилика Свети Петар

На почетокот на XV век, градот Рим доживеал голем пад од славата на римската империја. Градот кој некогаш доминирал во целиот свет, во тој период бил пред прагот на колапсот. Кон почетокот на XV век, населението на градот било само околу 25.000. Рим повеќе не претставувал центар на трговијата помеѓу народите. Претходно, папската резиденција од градот била преместена во Авињон.

Во текот на 1420 година, папската власт повторно се вратила во Рим, во времето на Папа Мартин V. Во текот на подоцнежните векови папството започналосо обнова на градот, а Папската Држава започнала да се солидаризира со кое во следните векови одиграла голема улога во историјата на Италија и Западна Европа. Обновата на градот била направена со заживувањето на ренесанса, биле воведени даноци за папските земји. Во текот на XV и XVI век биле издадени голем број на були кои дополнително ја зајакнале политичката моќ на папата над останатите цркви.

Во 1447 година, за нов папа бил избран Папа Никола V. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Папа Никола V ја основал Ватиканската библиотека во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Цариград. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиското Царство не наишла на поддршка од страна на западноевропските монархии.

По смртта на папа Никола V, папските реформи продолжиле во Рим. Сепак, со зголемувањето на моќта и богатството на градот, во исто време нараснувала и корупцијата во папството. Во времето на Папа Сикст IV повторно заживеал непотизмот и корупцијата. Тој е познат по тоа што бил папа којшто работел за интересите на своето семејство. Тој назначил 5 свои роднини за кардинали, а уште десетмина поставил на високи црковни позиции. Неговите семејни амбиции довеле до сериозни конфликти со Фиренца, Милано и Венеција, кои постојано го следел подемот на семејството дела Ровере. Во 1482 вовел норми со кои ги ограничи дејствијата на инквизицијата во Шпанија, подчинувајќи го нејзиниот основач доминиканецот Томас Торквемада. Освен тоа, во негово време започнал редизајнот и обновата на Рим преку проширување на улиците и уништување на урнатините од антиката. Систинската капела била реновирана во негово време, па истата била наречена по него.

Корумпираното папство продолжило и во времето на Папа Инокентиј VIII, кој бил избран за папа со помош на семејството дела Ровере. Имал слично папство како и неговиот претходник. Се стремел да ја добие поддршката од благородничкото семејство Медичи, па својот син го оженил со ќерката на Лоренцо Медичи. Тој го назначил 14-годишниот син на Лоренцо Медичи за кардинал. Во 1484, издал була, која причинила многу крвави дејства меѓу Христијаните во Европа. Папата Инокентиј VIII наредил да се изгради дворецот Белведер. Во времето на Папа Александар VI, продолжила корумпираноста. Овој папа бил познат како најконтроверзниот секуларен папа во периодот на ренесансата.

По смртта на папата Александар VI, во изборот за папа учествувале и францускиот кардинал д'Амбуаз и Џулиано дела Ровере, кој се вратил од прогонство, но ни едниот ни другиот не освоиле мнозинство на гласови. Папа Јулиј II бил избран за нов папа. Со неговиот избор, Рим влегол во т.н. златна доба од неговото постоење. Тој продолжил со консолидација на папската држава како и со процесот на обновување на Рим. еден од најпознатите и најистакнатите проекти од тоа време е базиликата Свети Петар, а за заштита на границите на папската држава, тој ја создал швајцарската гарда, која се состоела од доброволци, жители на Швајцаревија, неженети луѓе со воено искуство. Со создавањето на базиликата биле уништени голем број на антички градби.

Врвот на ренесансата Рим го доживеал во времето на Папа Лав X, вториот син на Лоренцо де Медичи по папа Јулиј II, кој папа станал во 1513 година. Во негово време, во 1517 година бил свикан Латеранскиот собор, била издадена булата "Pastor aeternus gregem" во која била потврдена врховната папска власт. На 15 јуни 1520 година ја издал булата "Exurge Domine", со кое го осудил Мартин Лутер. По неговата смрт во 1521 година според голем број на научници престанала т.н. Златна доба на Рим, по која ренесансата започнала да ја губи својата енергичност.

Inter caetera уреди

Во 1492 година, Кристофер Колумбо ја започнал својата експедиција кон Новиот Свет, откривајќи ја Америка. Во следните години, овие земји биле во голема мера колонизирани најмногу од Шпанија и Португалија на почетокот. Во исто време избувнале дипломатски конфликти помеѓу овие две земји околу териториите за владеење и контрола. Поради ова, на 4 мај 1493 година папа Александар VI ја издал булата ''Inter caetera'' според која земјите јужно и западно од Азорските острови припаднале на Шпанија. Освен тоа, на Шпанија и било дадено единственото право за колонизација на Новиот Свет.

Реформација уреди

Голем број на протестантски реформатори, вклучувајќи ги и Мартин Лутер, Жан Калвин, Томас Крамер, Џон Нокс, Котон Матер и Џон Весли, римскиот папа го нарекле односно идентификувале како анархист. Во почетокот на XVI век, се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер и Улрих Цвингли во 1517 година. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Повод за почеток на борбата за реформа на католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на Базиликата Свети Петар во Рим. Во 1517 година на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како ерес и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.

 
Реформацијата и Противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.

Лутер го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил од Католичката црква. Лутер не се уплашил од заканите на Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како резултат на што дошло до раскнување на врските меѓу Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела Германија опфаќајки ги сите слоеви на општеството. Преку реформа на црквата богатото граѓанство барало евтин а црква која би ги штитела нивните интереси, кнезовите барале одземање на имотите на Католичката црква, и таа да биде потчинета, а селаните и сиромашните граѓани барале освен црковна и реформа во општеството, да се ослободат од феудалната експлоатација. Меѓутоа реформацијата имала и свои противници. Освен папата, еден дел од благородништвото на чело со царот не го прифатиле учењето на Лутер. На соборот во Вормс 1521 година тоа било забрането, а Лутер бил прогонет. Тој се засолнал кај германските кнезови кои биле приврзаници на реформацијата.

Контрареформација уреди

Контрареформацијата или католичката реформација била религиозно-политическо движение во Европа како реакцијата на Римокатоличката црква против протестанската реформација, односно враќање на католичката вера во местата каде што биле заземени од протестанството. Контрареформацијата завршила со Трентскиот собор. Се обновила дејноста на инквизицијата. Во Европа, оваа реформација на некои места доживеала успех, но не целосен.

Трентски собор уреди

Трентскиот собор е вселенски собор на Римокатоличката црква кој траел со прекратувања од 13 декември 1545 до 4 декември 1563 година. Соборот бил свикан за да расправа околу реформацијата во Западна Европа. Водачи на соборите биле три папи: папа Павле III, папа Јулиј III, папа Пиј IV. Овој собор е еден од најважните во историјата на римокатоличката црква, на кое било дефинитивно разграничена религиозната теорија и практика на католизмот од оние на протестанството.

Понатамошни напори во реформите уреди

Во времето на Папа Павле IV (1555-1559) започнале напорите за обновување на Римокатоличката црква. Павле IV понекогаш се смета за прв контра-реформатор. Во неговото папство, неговиот национализам бил движечка сила. Имал големи недоразбирања со Хабсбуршката династија, па тој склучил сојузништво со Франција, веројатно против неговите вистински интереси. Папата Павле IV верувал во Extra Ecclesiam nulla salus („Надвор од црквата нема спас“). Во 1555, тој ја издал булата Cum nimis absurdum, со која официјално било формирано римското гето. Со тоа, Евреите биле принудени да живеат одвоено, во римскаиот реон Сант Анџело. Павле IV е и папата кој го вовел индексот на забранетите книги. Како и поголемиот број на папи од периодот на ренесансата, папата Павле IV сакал неговото семејство да биде успешно. Неговиот внук Карло Карафа бил кардинал. Постариот брат на Карло Џовани бил назначен за командант на силите на папата во грофовството Палијано. Третиот внук Антонио бил назначен за командант на папската гарда, а подоцна и станал Маркиз од Монтебело. Нивните високи функции уживале лоша репутација во Рим. Но, и покрај тоа, по катастрофата од војната против шпанскиот крал Филип II и по бројни скандали, во 1559, тие биле посрамотени пред папата и биле протеран од Рим.

Во времето на Папа Пиј V (1566-1572) биле имплементирани одлуките од Тридентскиот собор, контрареформацијата и стандардизирањето на литургиите. Папата ја поддржувал инквизицијата и бил против осовременување на црквата. За разлика од сите папи претходно коишто носеле црвена облека, тој како Доминиканец бил првиот којшто како папа продолжил да носи облека во бела боја. По него сите папаи ја задржале оваа традиција. Со текот на времето, папата Пиј V забележувајќи дека неговиот авторитет над Христијаните опаѓа, се противел на ширењето на протестантсвото меѓу Христијаните и ја започнал контрареформацијата, која ја започнал во Франција, каде што неговиот авторитет бил најголем. Тој исто така ја обвинувал англиската кралица Елизабета I за ерес, поради определбата за протетантсвото (англиканство) како религија во Англија.

Во времето на Папа Климент VIII (1592-1605) продолжил процесот на непотизам во папството. Папата ја поддржувал инквизицијата. Го прогласил Џордано Бруно за еретик и наредил да биде спален во 1600 година. Се обидел, но безуспешно да го реши проблемот помеѓу Исусовците и Доминиканците, укажувајќи на границите на милоста Божја на волјата на човекот. Папа Павле V (1605-1621) во 1616 година, со декрет од индексот на забранетите книги го осудил делото на Никола КоперникЗа движењето на небесните тела“. По негова иницијатива бил започнат процес против Галилео Галилеј. Забрането било да се тврди дека „Сонцето не се движи во круг околу Земјата и дека Земјата не е центар на вселената“. Во времето на Папа Урбан VIII (1623-1644) годината 1625 била повторно објавена како јубилејна година. Тој бил повикан да сведочи за папаската моќ. Неговото папство било во времето на Трисетгодишната војна, која во крв ја облеала скоро цела Европа. Во негово време била отворена и летната папска резиденција во Кастел Гандолфо. Папа Урбан VIII е познат и по тоа што до значителен степен настојувал да ги спроведува инквизиционите процеси, што кулминирало со судењето на Галилео Галилеј во 1633.

Модернизам уреди

Во 1796 година од страна на Наполеон Бонапарт биле заземени градовите Анкона и Лорето. Папа Пиј VI побарал склучување на мир. Со договорот од Толентино, француските страни добиле големо обесштетување каде голем дел од ватиканските уметнички дела биле прдадени на Французите. На 28 декември, еден француски генерал бил убиен во Рим кај француската амбасада во градот. Ова многу ги налутило французите, по кое француските армиски единици се насочиле кон Рим . По инвазијата на Наполеон Бонапарт и зазимањето на Италија, во 1798 година францускиот генерал Луис Александре Бартиер влегол во Ватикан и Папа Пиј VI го зел како заложник. Папата бил одведен во Франција каде што и починал.

Француски конкордат, 1801 уреди

Во времето на Папа Пиј VII (1800-1823), влијанието на папата во голема мера се намалило главно поради француската окупација на Италија. Во преговорите со Наполеон Бонапарт, било потврдено дека најголемиот број на Французи се Католици, но дека католичката црква повеќе не е на ниво на државна религија. Во 1804, Наполеон побарал од папата да го круниса за цар, но овој одбил. Во 1806, Наполеон ја осовил и присоединил Папската Држава. Во 1808 година, Франција го окупирала Рим. Папата го исклучил од црквата Наполеон, а тој го лишил папата од правата во Савона. Но, папата Пиј VII не попуштал додека бил во заробеништво и не именувал нови бискуи во Франција. Во 1814, тој бил ослободен и на Виенскиот конгрес повторно се обновува постоењето на Папската Држава. Во 1815, тој го обновил постоењето на Исусовото општество.

Револуцијата од 1848 уреди

Во времето на Папа Лав XII (1823-1829) и Папа Григориј XVI (1831-1846), папите жестоко ги осудиле либералистичките движења. Во 1846 година, за нов папа бил избран Папа Пиј IX. Истата година во Европа избувнале големи националистички и либерални револуции. Немири избувнале и во Рим, каде папата бил принуден да побегне од градот. Наполеон III, кој неодамна бил избран за нов претседател на Втората француска држава. Во 1859 година, Франција водела успешна војна против Австрија за ослободувањето на Италија.

Ватикан од 1870 до 1929 година уреди

Привремено, главниот град на Италија бил Фиренца од 1865. По победата над папски сили и бунтовници, уништувајќи го кралството на Двете Сицилии успеале да ја заземат територијата на Папската Држава. Така, по тринаесет векови, Рим повторно станал престолнина на обединета Италија. Папите од 1870 до 1929 година не го признавале создавањето по таков начин на Кралство Италија. Во текот на овие години тие целосно биле изолирани во делот на Рим, кој денеска е познат под името Ватикан. Подоцна, 1929 година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на Папската Држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан.

Последните години на Папа Пиј IX уреди

Папа Пиј IX бил папата со најдолгиот понтификат досега, во времетраење од 31 година и 236 дена. За време на неговиот понтификат, Папската Држава изгубила најголем дел од својата територија. Последните години папата ги поминал како заробеник во Ватикан. На католиците им било забрането да гласат на државните избори. Сепак, на истите им било овозможено тоа да го сторат на локални избори, каде постигнале одредени успеси.[30] Во 1854 ја прогласил догмата за безгрешната Богородица, а во 1870 за непогрешливиот папа.

Папа Лав XIII уреди

Папа Лав XIII се смета за голем дипломат, главно поради тоа што успеал да ги подобри односите со Русија, Прусија, Франција, Германија, Англија и други земји. Сепак, во средина на непријателската анти-католичка клима во Италија, тој продолжил со политиката на Пиј IX кон Италија, без поголеми промени.[31] Тој имал тешка задача да ја брани слободата на црквата против италијанските прогони и напади во областа на образованието, експропријацијата и уништувањето на Католичките цркви, законските мерки против црквата и бруталните напади. Можеби кулминација на настаните било посакувањето на антиклерикалистичките приврзаници кои се обиделе телото на починатиот папа Пиј IX да го фрлат во реката Тибар на 13 јули 1881 година.[32] Папата дури посакал и папската престолнина да ја премести во Трст или Салцбург, кои биле под контрола на Австрија, но сепак ако идеја австрискиот монарх Франц Јосиф I ги отфрлил.[33] Тој е познат по интелектуалноста и социјалните учења со неговата енциклика Rerum Novarum и неговите обиди да ја одбрани црквата од современите мислења. Со 93 години, тој бил најстариот папа, а неговиот понрификат бил третиот најдолг.

Прв ватикански собор уреди

Првиот ватикански собор воспоставил јасни теоретски основи, препишани на Папа Пиј IX. Била прогласена догмата за непогрешливиот папа.

Ватиканска ера: 1929-денес уреди

Односи со фашистите уреди

На функцијата Папа Пиј XI дошол во 1922 година. Неговиот понтификат е обележан со голема дипломатска активност преку издавањето на многу важни документи. Во голема мера папата бил помаган од страна на Пјетро Гаспари и Еуџенио Пачели. Со доаѓањето на фашистичкатас власт во Италија честопати помеѓу властите и папата имало несогласувања, но сепак во целина се наоѓало решение. Пиј XI напишал редица енциклики, од кој најпознати се „Quas Primas“ (11 декември 1925), со која бил заклучен признакот Христос - Цар, „Quadragesimo Anno“.

Латерански договор од 1929 уреди

Латеранскиот договор од 1929 година претставува договор помеѓу Светата престолнина и Италија. Договорот ги определил правата и привилегиите на католичката црква во составот и во Италија. Договорот бил потпишан на 11 февруари 1929 година во Латеранскиот апостолски дворец (Palazzo Laterano).

Според договорот, католицизмот бил признаен за единствена државна религија во Италија, а на Светата престолнина и бил признаен светскиот суверенитет. Ватикан формално бил признаен како суверена територија, која е управувана од страна на Светиот Престол, денеска познат како град Ватикан (Citta del Vaticano). Со ова, биле утврдени и границите на земјата. Освен правата и привилегиите на католичката црква, државата изгласила 10 неработни денови во годината, во кој има црковни празници, а исто така и денот недела бил прогласен за неработен. Епископите се обврзиле кон верност иприврзаност кон кралот на Италија, како државен глава на земјата.

Втората светска војна уреди

Кога Нацистичка Германија извршила инвазија врз Полска на 1 септември 1939 година, Ватикан прогласил неутралност чија цел била да се избегне конфликтот во Светата престолнина и окупација од страна на италијанската војска. Но, во 1944 година германската војска го окупирал Рим, но Адолф Хитлер изјавил дека ќе ја почитува неутралноста на Ватикан. Сепак, Ватикан учествувал во помагањето на сојузничките сили, кои предизвикале неколку инциденти. По само неколку месеци, Рим бил ослободен.

Прогони по војната уреди

Црковната политика на Папа Пиј XII по крајот на Втората светска војна главно била насочена кон давањето на материјална помош на раселените лица и бегалци, внатрешна интернационализација на Римокатоличката црква како и развојот на дипломатските односи. Тој ја издал Evangelii Praecones[34].Тој побарал признавање на местните култури, како еднакви на оние европските.[35][36] Во време на војната, голем број на католици биле прогонувани од комунистичките режими во Албанија, Бугарија, Романија и Кина каде Римокатоличката црква била скоро искоренета осносно уништена.

Втор Ватикански собор уреди

Вториот Ватикснаки собор е последниот вселенски собор на Римокатоличката црква. Соборот бил свикан по иницијатива на Папа Јован XXIII на 11 октомври 1962 година, а истиот завршил на 8 декември 1965 година во времето на Папа Павле VI. Од целиот собор, вкупно биле спроведени седум сесии или собранија од кои папа Јован XXIII раководила само со една, а останатите ос страна на неговиот наследник Папа Павле VI. На соборот учествувале вкупно 3058 свештеници и неколку експерти. Како гости и слушатели учествувале 17 некатолички свештеници од православната црква и протестантската црква.

Вториот ватикански собор започнал преку отворањето на Римокатоличката црква према останатите религии и воведување на реформи во литургијата, преку служењето на родните јазици на епархиите. Во текот на соборот папата Павле остварил близок контакт со Вселенскиот патријарх Атенагора. Како резултат на овие договори, биле поништени голем број на решенија од 1054 година во времето на Големиот раскол.

По завршувањето, соборот бил оценет од страна на католичката црква како еден од најважните настани во христијанството во XX век. Нејзините решенија биле оценувани од страна на голем број теолози, филозофи, публицисти и политичари кои или биле оценети со голема критика или пак како успешни. Според некои поддржувачи на католичлките промени, соборот овозможил црквата да се доближи до верниците и по крајот на соборот конечно завршила т.н. контрареформација и конзервативниот менталитет на црквата.

Папа Павле VI уреди

Папа Павле VI (1963-1978) ги продолжил реформите на својот претходник преку остварување на лични контакти со православните и протестантските цркви. Тој жестоко се спротивставувал на комунистичките режими во светот, кои во голем степен довеле до уништување на црквата. Зборувал дека е потребно реорганизација на CURIA и мир во светот остварен преку социјална правда.

Седевакантизам уреди

Јован Павле II уреди

Со назначувањето на Јован Павле II за нов папа на католичкиот свет и мистериозната смрт на неговиот претходник, црквата за првпат по точно 455 години од Папа Адријан VI добила неиталијански папа. Јован Павле II бил заслужен во голема мера за падот на комунизмот во Источна Европа, како и за мирните револуции вонеговата татковина Полска. Видни политичари како Лех Валенса и Михаил Горбачов ја признале улогата на папата во уривањето на комунистичкиот режим.[37][38] Самиот папа изјавил по падот на комунизмот дека изградбата на светот без Бог може да биде само една илузија.(Прага, 21 април, 1990).

Од друга страна пак, во духовна смисла, папата се залагал за забрана на абортусот, остро се противил на разводот и хомосексуалноста. Не ја прифатил тезата женскиот свет да станат рамноправни во црквата со кое би можело да заземат големи функции во црквите. Голем број на научници сметаат дека преку неговите ставови Католичката црква изгубила голем број на верници. Папата Јован Павле II цврсто верувал во екуменизмот. По илјада години раскол, тој го направил првиот чекор и отишол во посета на Цариградската патријаршија. Тој е првиот папа што влегол во синагога и џамија. Во 2001 година, во Дамаск, католичкиот поглавар влегол во исламски храм, како и првиот папа кој на Ѕидот на плачот во Ерусалим поставил леток.

На 13 мај 1981 година папата преживеал атентат. Турскиот државјанин Мехмет Али Агџа од досега непознати причини двапати пукал во папата. Атентаторот 19 години поминал во затвор, а поглаварот на Римокатоличката црква го посетил во ќелијата и му простил за стореното. Неговото папство е второ по должина по она на Папата Пиј IX кое траело 32 години.

Папа Бенедикт XVI уреди

Папа Бенедикт XVI е минатиот поглавар на Римокатоличката црква, кој стапил во 2005 година. На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитирал остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во XIV век од византискиот цар Мануел II Палеолог: „Покажете ми што ново донел Мухамед и ќе видите само зли и нечовечни работи, како неговата наредба со меч да се шири верата што ја проповеда“. Неговиот настап предизвика остри критики од муслиманскиот свет.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Corrections Made to Official List of Popes“. ZENIT. 2001-06-05. Архивирано од изворникот на 2009-01-19. Посетено на 2008-10-21.
  2. „Catechism of the Catholic Church“. Vatican Library. Посетено на 2 август 2008., 880-884
  3. "St. Peterhttp://en.wikipedia.org/w/index.php?title=History_of_the_Papacy&action=edit, The Catholic Encyclopedia
  4. Wilken, p. 281, quote: "Some (Christian communities) had been founded by Peter, the disciple Jesus designated as the founder of his church. ... Once the position was institutionalized, historians looked back and recognized Peter as the first pope of the Christian church in Rome"
  5. Second Vatican Council, Lumen Gentium, 22
  6. [http://www.vatican.va/holy_father/john_paul_ii/audiences/alpha/data/aud19921007en.html Pope John Paul II, Talk on 7 октомври 1992
  7. Avery Dulles, The Catholicity of the Church, Oxford University Press, 1987, ISBN 0-19-826695-2, page 140
  8. Josef Burg Kontrover-Lexikon Fredebeul&Coenen, Essen, 1903 595
  9. Burg 605
  10. „Letter of Clement to the Corinthians“.
  11. Gröber, 510
  12. „Letter of Ignatius of Antioch to the Romans“. Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 2010-02-26.
  13. Gröber 511
  14. Roman priest, Caius, refers to the tombs of SS. Peter and Paul : "I can show you the trophies tombs of the apostles. If you go to the Vatican or on the road to Ostia you will see the trophies of those who founded this church
  15. Gröber 511-512
  16. Gröber, 512
  17. Duffy,3
  18. Евангелие на Матеј: Chapter 16, Verse 18.
  19. 19,0 19,1 19,2 http://www.mkbible.net/biblija/index.php[мртва врска] Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „mkbible.net“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  20. K Weiss Exegetisches zur Irrtumslosigkeit in Neutestamentliche Abhandlungen, 1916, 4,5
  21. Veselin Kesich (1992). "Peter's Primacy in the New Testament and the Early Tradition" in The Primacy of Peter. St. Vladimir's Seminary Press. стр. 47–48.
  22. D'Aubigne, Book I, p. 81.
  23. De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors", chapters 34, 35)
  24. Lactantius, De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors") ch. 35–34
  25. 25,0 25,1 Kühner Coelestin, Siricius
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Franzen, 47.
  27. Durant, Will. The Age of Faith. New York: Simon and Schuster. 1972. p. 537
  28. Brook, Lindsay (2003). „Popes and Pornocrats: Rome in the early middle ages“. Foundations. 1 (1): 5–21.
  29. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/640848/Western-Schism
  30. Schmidlin 119
  31. Schmidlin 409
  32. Schmidlin 413
  33. Schmidlin 414
  34. issued on 2 јуни, 1951
  35. Audience for the directors of mission activities in 1944 A.A.S., 1944, p. 208.
  36. Evangelii Praecones. p. 56.
  37. "The pope started this chain of events that led to the end of communism," Wałęsa said. "Before his pontificate, the world was divided into blocs. Nobody knew how to get rid of communism. "He simply said: Don't be afraid, change the image of this land."
  38. "What has happened in Eastern Europe in recent years would not have been possible without the presence of this Pope, without the great role even political that he has played on the world scene" (quoted in La Stampa, 3 март, 1992).