Историја на Брегот на Слоновата Коска

Главно поради густите тропски шуми, Брегот на Слоновата Коска во минатото бил минимално населен. Пред доаѓањето на колонизаторите, за историјата на земјата не се знае многу. Сепак, постојат индикации дека на просторот на денешната држава имало живот во Горниот Палеолит (15.000 до 10.000 п.н.е.)[1], или пак во текот на Неолитот[2] Првата пишана историја се добива од хрониките на трговците од Северна Африка, кои навлегувале кон внатрешноста на Африканскиот континент продавајќи сол, злато и робови. Во времето кога Суданската империја го прифатила исламот како официјална религија, познато е дека ширењето на верата започнало да се практикува и во Брегот на Слоновата Коска.

Дел од темата Брег на Слоновата Коска

Историја

Рана историја
Француска колонизација
Независност
Брег на Слоновата Коска

Портал:Брег на Слоновата Коска

Народот Кру мигрирал од Либија во околу 1600 година, Сеноуфо и Лоби мигрирале кон Буркина Фасо и Мали. Во текот на 14 век се појавиле можеби првите трговски центри, главно во северниот и североисточниот дел на земјата. Првите европски граѓани кои се појавиле на бреговите на денешната земја биле португалските трговци. Сепак тие подоцна биле отстранети од страна на Французите, кои во текот на 1843 година изградиле на бреговите воена база, а во 1893 година територијата била објавена за француска колонија под името Брег на Слоновата Коска. Во 1895 година, територијата станала дел од Француска Западна Африка. Во текот на XVIII век и XIX век, народот Акан мигрирал од Гана, населувајќи се на источните делови од земјата, а пак народот Малинка мигрирал од Гвинеја во северозападниот дел на земјата.

Земјата својата неависност ја добила на 7 август 1960 година. Во 1986 година парламентот на земјата изгласил решение според кое бил забранет превод на земјата при меѓународна употреба. Затоа, денеска во меѓународен план се користи името Кот д`Ивоар.

Наводи уреди

  1. Guédé, François Yiodé (1995), „Contribution à l'étude du paléolithique de la Côte d'Ivoire : État des connaissances“, Journal des africanistes, 65 (2): 79–91, ISSN 0399-0346.
  2. Rougerie 1978, стр. 246.