Истонов библиски речник

Истоновиот библиски речник (Easton's Bible Dictionary)— Илустрираниот библиски речник, Трето издание, од Маг. Д.Д. Метју Џорџ Истон (1823-1894), издаден во 1897 од Томас Нелсон. Заради неговата старост, овој речник на Библијата е сега во јавна сопственост. И покрај неговиот назив, многу записи во овој речник се од енциклопедиска природа, иако има и кратки, речнички записи. Делото содржи околу 4,000 записи.

Истонов библиски речник (1894) корица на книгата

Делото дава опис и податоци за нешта од Библијата од гледна точка на Христијанството во XIX век. Иако некои записи се веќе застарени, делото е сепак од голема корист и значење.

Надворешни врски уреди