Испит — британски трилер-филм од 2009, напишан од Симон Гарити и Стјуард Хацелдин,[1] и е режиран од Стјуард Хацелдин, во кој играат Колин Салмон, Џими Мистри, Лука Малби, Чак Ивуч и Натали Кокс[2].

Содржина уреди

Филмот е во сегашно време во Обединетото Кралство во една алтернативна историја. Осум кандидати се прикажани како се облекуваат за испит што се мисли дека е за вработување. Тие влегуваат во просторија и секој седнува во посебна клупа. На секоја клупа има лист со зборот „кандидат“ и број од 1 до 8. Набљудувачот, кој е претставник на компанијата, објаснува дека тестот трае 80 минути, се состои од само едно прашање и дека постојат некои правила: не зборувај со набљудувачот или со вооружениот чувар на вратата, не го уништувај листот или не дозволувај некој друг да го уништи и не ја напуштај просторијата. Не почитувањето на правилата ќе резултира со дисквалификација. Тој ги прашува дали имаат некое прашање – никој не возвраќа. Откако почнува одбројувањето, откриваат дека листовите се празни. Една кандидатка веднаш ја изнесуваат од собата, затоа што го уништува својот лист со пишување на него. Преостанатите седум кандидати сфаќаат дека можат да зборуваат еден со друг и да соработуваат. „Белиот“ , кој е арогантен и безобразен, предлага прекари кои се засновани на физичкиот изглед: Црниот, Белиот, Кафениот, Русокосата, Бринета и Темната, што се однесува на нивната кожа и боја на коса, тука е и Глувиот, кој не обрнува внимание на другите кандидати. Кандидатите без успех употребуваат светла, телесни течности и прскалки за да се обидат да го откријат скриеното прашање на листот. Белиот ја презема контролата над групата, но всушност работи против нив со што ја испланирува дисквалификацијата на Бринета и на Глувиот. Потоа Белиот се подбива со другите, со тоа што им кажува дека го знае прашањето, но дека нема да го каже на другите. Откриваат дека компанијата всушност е одговорна за чудесен лек од кој се зависни многу луѓе после една вирусна пандемија. Црниот го покорува Белиот и го заврзува на столче, нарекувајќи го избезуменост на групата. Белиот кажува дека е инфициран од Вирусот и дека му треба лекот, но другите не му веруваат. Темниата сугерира дека Белиот е дел од компанијата и покажува многу познавање за внатрешните работи на компанијата. Ова го потикнува Кафениот да ја обвини неа дека е дел од компанијата и ја мачи сè додека не открие дека таа работи за компанијата, но аплицира за работата како и сите други. Белиот докажува дека ја има болеста кога ќе добие грчеви. Темната бара помош од набљудувачот кој не се гледа со што таа е дисквалификувана. Русокосата открива дека Кафениот го крие лекот кој Белиот го имал за себе. Таа го вади од отворот каде што го фрлил Кафениот и му го дава на Белиот. Другите го ослободуваат Белиот и сакаат да го знаат прашањето, но тој им кажува дека единствено објаснување е тоа дека нема прашање; компанијата ќе го вработи последниот останат кандидат.

Белоти ги напаѓа другите и го зема пиштолот од чуварот кој дознава дека работи на отпечаток од прст и контролира со раката на чуварот за да работи со него. Белиот го присилува Кафениот да ја напушти просторијата. Следна е Русокосата, но таа ги гаси светлата кои се активираат со гласот, со што му дозволува на Црниот да го нападне Белиот. Кога се вклучуваат светлата Црниот е мртов од истрелот од пиштолот и Русокосата делумно ја напуштила собата (нејзиното стапало е сè уште на некој начин во просторијата) и е сè уште во игра. Потоа часовникот покажува нула. Белиот му кажува на Набљудувачот дека тој е најдобриот натпреварувач, но тој е дисквалификуван; се открива дека Глувиот претходно го поместил часовникот неколку минути нанапред и дека осумдесет минути сè уште не се завршени. Со само Русокосата останата, таа се сеќава дека Глувиот ги беше користел своите очила и парче од скршено стакло на листот хартија претходно, но сите го игнорираа. Земајќи ги фрлените очила, таа ги открива зборовите „Прашање 1“ кои се невидливо напишани на листот. Русокосата сфаќа дека Прашање 1 се мисли на еднинственото прашање кое им беше поставено - „Прашања?“ , поставено од Набљудувачот пред да почне испитот и одговорот е „не“. Влегуваат Набљудувачот и Глувиот; се открива дека Глувиот е всушност Извршен директор на компанијата и измислител на лекот за Вирусот, којшто може да ги излече сите болни. Куршумот што го погоди Црниот го содржи овој лек и тој се буди излечен. За лекот да биде објавен во јавноста, на компанијата и е потребен некој кој не само што ќе може да донесува тешки одлуки туку и некој кој исто така е внимателен, кое што Русокосата го докажа во текот на испитот. Русокосата го положува испитот и ја прифаќа својата нова работа.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди