Исак Асимов, (руски: Исаак Юдович Озимов, англиски: Isaac Asimov; 2 јануари 1920 - 6 април 1992) — американски писател на научна фантастика и биохемичар со еврејско-руско потекло. Роден е во Петрович, во Смоленската област, СССР. Со родителите емигрирал во САД на тригодишна возраст. Дипломирал хемија на универзитетот Колумбија во 1939 година, а докторирал во 1948 година.

Исак Асимов

Умрел од сида, бидејќи во 1983 година бил заразен со ХИВ вирус преку трансфузија за време на операцијата на срцето, а тоа било објавено дури десет години по неговата смрт.

Асимов бил долгогодишен член на Менса. Во негова чест е наречен астероидот 5020 Асимов.

Творештво уреди

Асимов е најпознат по збирката раскази за роботи, „Јас, робот“ (1950) и по трилогијата „Фондација“ (1951–1953) со кои значително влијаел врз современата научна фантастика. Во нив се обидува да ги искористи сознанијата од современото научно истражување и да ги екстраполира, понекогаш во сосема неочекувана насока. Дел од неговите дела се хибриди помеѓу криминалистичкиот роман и научната фантастика, а многу ценети му се и книгите од научнопопуларен карактер.

Познати се и неговите Три закони на роботиката:

  • I закон - Робот не може да повреди човек, ниту со неделување да дозволи повреда на човек.
  • II закон - Робот мора да ги следи наредбите кои му се дадени од страна на човек, освен кога наредбите се спротивно на Првиот закон.
  • III закон - Робот мора да ја штити сопствената егзистенција, доколку таквата заштита не е спротивна на Првиот и Вториот закон.

Надворешни врски уреди



}