Интифада (арапски: востание) обично се употребува за двете востанија на Палестинците против израелската окупација на нивните територии.

Прва интифада уреди

Првата интифада започна во 1987 година, почна да згаснува во 1991 година и е прекината во 1993 година по потпишувањето на Договорот од Осло и воспоставувањето на Палестинската самоуправа.

По израелско-арапските војни, палестинските територии останаа окупирани подрачја под израелска воена управа. Сè поголемото населување на израелски доселеници и сè полошата положба на Палестинците во бегалските кампови создадоа многу напната атмофера. При едни демонстрации на Палестинците на 6 декември 1987 година израелската војскта уби еден Палестинец, што предизвика голем револт помеѓу Палестинците. Тие почнуваат да формираат вооружени единици и да влегуваат во судири со Израелците. Израелската војска, исклучително добро вооружена, возвраќа на палестинските напади, често со употреба на прекумерна сила. При тоа и двете страни вршат напади и врз цивилно население.

Бројот на жртвите од Првата интифада е: 1.162 Палестинци и 160 Израелци.

Втора интифада уреди

Како Втора интифада (или Ал Акса Интифада) се означува израелско-палестинскиот судир што започна во септември 2000 година откако Ариел Шарон, тогашен водач на опозициската партија Ликуд, влезе во просторот на ерусалимските џамии, каде до 1 век постоел еврејски храм. Тоа Палестинците го сметаа за тешка провокација и набрзо потоа избувнаа жестоки судири.

Оваа интифада е сè уште во тек и е покрвава од претходната. До 2004 година убиени се 3.223 Палестинци и 950 Израелци.