Интелигенција или интелект — поим со кој се опишува квалитетот на умот што опфаќа и многу други способности, како капацитетот за разум, за планирање, за решавање проблеми, за апстрактно размислување, да се здобиваме со идеи, да го користиме јазикот и за учење. Има повеќе начини со кои можеме да го дефинираме поимот интелигенција. Во некои случаии, интелигенцијата може да вклучува особини како креативност, личност, карактер, знаење или мудрост. Сепак, повеќето психолози не сакаат да ги вклучуваат овие особини во дефинирањето на интелигенцијата.

Претставување на човечкиот дух (1619.)

Постојат неколку коефициенти на интелигенција:

  1. Екстремно ниска интелигенција (до 70)
  2. Незабележително интелигентен (70-90)
  3. Нормално развиена интелигенција (90-110)
  4. Натпросечно ниво (110-130)
  5. Високоинтелигентен (130 и повеќе)

Интелигенцијата како мотив во популарната музика уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди