Институции на Европската Унија

Европската Унија (ЕУ) е раководена од седум институции. Членот 13 од Договорот за Европската Унија ги подредува нив во следниов редослед:

Историја уреди

Повеќето институции на ЕУ се формирани со основањето на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) во педесеттите години. Оттогаш, многу промени настанаа во пренесувањето на власта од Советот кон Парламентот. Честопати, улогата на Комисијата е да посредува помеѓу двете институции или да ја одржува рамнотежата. Меѓутоа, во последно време Комисијата станува се поодговорна пред Парламентот: во 1999 година ја принудува оставката на Комисијата на Сантер и во 2004 година ја принудува реконструкцијата на предложената Комисијата на Баросо. Развојот на институциите, со поединечни промени во договорите и спогодбите, е сведоштво за развојот на структурата на Унијата без ниту еден главен план. Мислењето за институциите на некои луѓе, како на пример Том Рејд од Вашингтон Пост е дека “никој намерно не би создал толку комплексна и непотребна влада како што е Европската Унија”.

Основање уреди

Првите институции на ЕУ се формирани во педесеттите години, со создавањето на ЕЗЈЧ, врз основа на декларацијата на Шуман помеѓу шест земји. ЕЗЈЧ беше создадена за да ги воведе пазарите за јаглен и челик, основните материјали за време на војна, под контрола на наднационална власт, со цел да поттикне мир и економски развој. Таа ги основа првите институции. Во сржта на Унијата беше поставено независно извршно тело наречено Врховна власт кое имаше наднационална власт во Заедницата. Законите создадени од Врховната власт треба да бидат надгледувани од страна на Судот за правда, со цел да се обезбеди дека тие се целосно посредени и потврдени.

За време на преговорите, создадени се две надзорни институции, за да ја урамнотежуваат моќта на Врховната власт. „Заедничкото собрание“, предложено од страна на Жан Моне, со цел да дејствува како надзорник, да одржува рамнотежа и да додаде демократска законитост, е составено од 78 државни парламентарци. Втората институција е Советот на Министри, наметната од страна на помалите земји−членки, со цел да се додаде меѓувладин елемент и да се усогласат националните политикии со оние на власта.

Измени уреди

Во 1957 година, Римските договори основаа две, слични заедници, притоа формирајќи заеднички пазар (Европска економска заедница) и промовирајќи атомско-енергетска соработка (Евратом). Трите институции заедно ги користеа Судот за правда и Парламентот, но имаа посебен Совет и Врховна власт, наречена Комисија во овие Заедници. Причината за ова беше различниот однос помеѓу Комисијата и Советот. Во тоа време, Француската влада се сомневаше во наднационализамот и сакаше да ги ограничи надлежностите на Врховната власт во новите заедници, со што му додели на Советот поголема улога во контролирањето на извршното тело.

Подоцна, во 1967 година, трите заедници се споени во Европски заедници, со Договорот за спојување. Овие институции се пренесени од Европската економска заедница (правејќи ја Комисијата на таа заедница директен претходник на моменталната Комисија). Според Договорите од Рим, Заедничкото собрание (кое се преимени во Парламентарно собрание, а потоа во Европски парламент) требаше да одржи избори. Меѓутоа, овој настан беше одложен од страна на Советот до 1979 година. Оттогаш, Собранието доби дополнителна моќ со последователните договори. Мастришкиот договор, исто така, му додели дополнителни надлежности на Советот, со тоа што му даде клучна улога во двата нови столба на ЕУ, коишто беа основани на меѓувладини принципи.

Во 2009 година, со Лисабонскиот договор, речиси сите политички области (вклучувајќи го и буџетот) се ставени во рамките на соодлучувачката постапка (преименувана во “обична законодавна постапка”), со што се зголеми моќта на Парламентот. Исто така, со воведување нова формула, се променија и правилата за распределба на местата во Парламентот. Високиот претставник се спои со Еврокомесарот за надворешни односи и како таков ѝ се приклучи на Комисијата. Назначувањето на Претседателот на Комисијата стана зависно од последните избори на ЕУ. Советот на министри усвои подобро квалификувано мнозинско гласање и Европскиот совет стана посебна институција со постојан претседател. Судот за правда направи некои мали преименувања и прилагодувања, а централната банка стана целосна институција.

Политички институции уреди

Постојат три политички институции, коишто ја имаат извршната и законодавната власт на Унијата. Советот ги претставува владите, Парламентот ги претставува граѓаните, а Комисијата го претставува европскиот интерес. Во суштина, Советот, Парламентот или кое било друго тело мораат да постават барање за законодавство до Комисијата. Комисијата потоа прави нацрт план кој го претставува пред Парламентот и Советот, каде што, во повеќето случаи и двете институции мора да дадат согласност, иако вистинската природа на ова зависи од законодавната постапка во примена. Предлог−законот стапува во сила, само доколку се одобри и потпише од страна на двата дома. Должноста на Комисијата е да обезбеди дека законот е спроведен, преку справување со секојдневното работење на Унијата и со предавање на Судот закони што не се одобрени.

Парламент уреди

Европскиот парламент ја дели законодавната и буџетската власт на Унијата со Советот. 705−те членови на Парламентот се избираат секои пет години со директно право на глас и седат според својата политичка вредност. Тие претставуваат околу 500 милиони граѓани (вториот по големина демократски електорат во светот) и го формираат единственото директно избрано тело во Унијата. И покрај тоа што го формира едниот од двата законодавни домови на Унијата, Парламентот има помала моќ од Советот во некои чувствителни области и нема законодавна иницијатива. Меѓутоа, има власт над Комисијата, овластување коешто Советот го нема. Се вели дека Парламентот, со својата демократска природа и зголемени овластувања, стана едно од најмоќните законодавства во светот.

Европски совет уреди

 
Европскиот совет обезбедува политичко упатување на ниво на шеф на држава или влада до Унијата

Европскиот совет е група на шефови на држави или влади на земјите−членки на ЕУ. Тој заседава четири пати годишно, за да ја дефинира политичката агенда на Унијата и да ја поттикне интеграцијата. Претседателот на Европскиот совет е личноста одговорна за претседавање и раководење на оваа институција, којашто е опишана како највисоко политичко тело на Европската Унија.

Совет уреди

Советот на Европската Унија (неформално познат како Советот на Министри или само како Советот) е законодавно тело коешто има одредена извршна власт и e главно тело во донесувањето одлуки во Унијата. Претседателството на Советот се менува секои шест месеци, но секои три последователни Претседателства работат на заедничка програма. Ова тело е различно од Европскиот совет, којшто има многу сличности, но е составен од националните водачи.

Советот е составен од дваесет и седум државни министри (по еден од земја-членка), кои се сретнуваат во различни форми, во зависност од темата штое на дневен ред. На пример, доколку се разговара за земјоделство, Советот ќе биде составен од секој државен министер за земјоделство. Министрите ги застапуваат своите влади и се одговорни пред своите национални политички системи. Гласањето се основа на мнозинство или едногласност и гласовите се распределуваат според населението. Во овие различни форми, Советот на Министри ја дели законодавната и буџетската власт со Парламентот, а истовремено ја води и Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Комисија уреди

Европската комисија е извршниот орган на Европската Унија. Комисијата е тело составено од по еден претставник од секоја земја−членка, создадено да биде независно од поединечните државни интереси. Ова тело е одговорно за изработка на сите закони на Европската Унија и има монопол врз законодавната иницијатива. Комисијата, исто така, се справува со секојдневната работа на Унијата и да се придржува до спроведувањето на законите и договорите (во оваа улога е позната како “Чувар на Договорите”).

Комисијата е предводена од претседател, кој е назначен од страна на Советот (во практика Европскиот совет) и одобрен од парламентот. Останатите 26 комесари се предложени од страна на земјите−членки, во советување со Претседателот, кој ги определува нивните задачи. Советот потоа ја усвојува оваа список на предложени комесари, одлука која не бара едногласност, односно нивното прифаќање е донесено според правилата на квалификувано мнозинско гласање. Потоа, Европскиот парламент ги интервјуира Комесарите и го дава својот глас за нив. Секој предложен комесар е интервјуиран посебно, што е спротивно од гласот за одобрување од Парламентот, којшто мора да биде испратен до Комисијата во целост и не може да прифати или одбие поединечни Комесари. Откако ќе се одобри од страна на Парламентот, Комисијата може да ја преземе новата функција. Тековниот претседател на Комисијата е Урзула фон дер Лајен (Европска народна партија); нејзината комисија беше избрана во 2019 година.

Дејства и постапки уреди

Постојат повеќе типови законодавства што можат да бидат донесени. Најсилна е регулатива, акт или закон којшто директно се применува во целина. Потоа, има директиви, коишто ги обврзуваат земјите−членки да постигнат одредени цели. Земјите−членки ги исполнуваат задачите според сопствените закони и притоа имаат простор за маневрирање при одлучувањето за нив. Одлуката е инструмент што се однесува на одреден член/група и е директно применлива. Институциите можат, исто така, да издадат препораки и мислења, коишто се, во голема мера, необврзувачки декларации.

Обичната законодавна постапка се употребува речиси во сите политички области и обезбедува еднаквост помеѓу двете тела. Според оваа постапка, Комисијата изготвува предлог до Парламентот и Советот, кои потоа праќаат измени до Советот, кој може да го усвои или да го врати назад како “заедничка положба”. Тој предлог може да биде усвоен или, пак, дополнителни измени можат да бидат поставени од страна на Парламентот. Доколку Советот не го одобри предлогот, се формира “Комитет за усогласување”, кој се состои од еднаков број членови на Советот и Парламентот,кои ќе работат на формирање заеднички став. Откога ќе се формира заедничкиот став, мора да биде одобрен од страна на Парламентот со апсолутно мнозинство. Постојат и други посебни постапки, коишто се употребуваат во чувствителни области што ја намалуваат моќта на Парламентот.

Неполитички институции уреди

Суд за правда на Европската Унија уреди

Судот за правда на Европската Унија е судската власт на ЕУ. Тој е одговорен за толкување на правото и почитување на договорите на ЕУ.

Се состои од главните домови: Судот за правда и Општиот суд.

Од 2005 до 2016 исто така состоел од Трибуналот за јавна служба.

Европска централна банка уреди

 
Европската централна банка

Европската централна банка е централната банка на еврозоната (која ги вклучува членките што го прифатија еврото) и со тоа ја контролира монетарната политика во таа област, со агенда за одржување стабилност на цените. Се наоѓа во центарот на Европскиот систем на централни банки, составен од сите национални банки на ЕУ. Банката ја раководи Претседателот Кристин Лагард, заедно со одбор составен од гувернерите на сите национални банки.

Суд на ревизори уреди

 
Просториите на Судот на ревизори во Луксембург

Последната институција на ЕУ е Европскиот суд на ревизори, кој нема судски овластувања, туку обезбедува дека средствата на даночните обврзници од буџетот се правилно потрошени. Судот доставува ревизорски извештај за секоја фискална година до Советот и Парламентот. Овој извештај е употребен во одлуката на Парламентот за давање право на Комисијата да го изготви буџетот. Судот на ревизори, исто така, дава мислења и предлози поврзани со финансиското законодавство и дејства против измами.

Судот на Ревизори е основан во 1975 година како независна институција, поради нестабилноста на справување со измами во Унијата (Агенцијата против измами, ОЛАФ, е, исто така, основана на независност). Составен е од по еден претставник од секоја земја−членка, кој го назначува Советот секои шест години. Секои три години, еден од претставниците на судот е избран за претседател, а во моментов таа улога ја има Klaus-Heiner Lehne.

Споредби уреди

 

Системот на владеење на ЕУ во голема мера е единствен, но некои елементи може да се споредат со други модели. Општа забелешка за распределбата на власта би била дека ЕУ наликува на федерализмот на Германија. Таму, власта е претежно поделена (државите имаат федерална моќ, а федерацијата нема државна моќ) помеѓу владините нивоа и државите учествуваат во донесувањето одлуки на федерално ниво. Ова е спротивно од другите федерации, на пример, во Соединетите Американски Држави власта е јасно поделена помеѓу владините нивоа и државите имаат мала улога во федералното донесување одлуки. Институционалната поставеност на ЕУ на некој начин е слична со владата на Швајцарија (која не е земја–членка). Швајцарскиот консензуски систем претставува успешно обединување на држава со поделени јазици и религии, а ЕУ, и покрај тоа што не е директно изработена според швајцарскиот систем, има голем број сличности со истиот. Европската комисија има сличности со швајцарскиот федерален систем, во тоа што имаат претставништво од сите партии и се назначени врз основа на националност, а не на углед. Претседателот на Федералниот совет наизменично ги менува своите членови секоја година, на начин сличен со Претседателството на Советот на ЕУ. Поради овој систем на претседателство, Швајцарските водачи, како оние на ЕУ, се релативно непознати, со државни политики, а како резултат на тоа има мала излезеност на гласачи, што е слично со Европскиот парламент. Други паралели ги вклучуваат љубоморно чуваните власти на државите, значајното ниво на превод и изборот на помал град за главен град.

 
Европскиот парламент повеќе се споредува со Претставничкиот дом на САД, отколку со националните парламенти

Понатаму, извршната власт во ЕУ не е концентрирана во една институција. Тоа стана појасно во Договорот од Лисабон, со поделбата на Европскиот совет како посебна институција со одреден Претседател. Овој договор е спореден со двојниот извршен систем на Француската Република, каде што има Претседател (Претседателот на Советот) и Премиер (Претседателот на Комисијата). Меѓутоа, за разлика од францускиот модел, Претседателот на Советот на ЕУ нема формална власт, како што е способноста да го назначува или отпушта од работа Претседателот на Комисијата, или способноста да го разрешува Парламентот. Така, Претседателот на Советот има углед, но му недостасува моќ, додека, пак, Претседателот на Комисијата има моќ, но му недостасува угледот што го има претходноспоменатиот. Природата на Европскиот парламент подобро е да се спореди со Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, отколку со националните парламенти на Европската Унија. Ова е значајно во однос на тоа што комитетите се поголеми и имаат поголема власт, политичките партии се децентрализирани и се одделени од извршната власт (повеќето национални влади имаат парламентарен систем). Различно од другите парламенти е тоа што нема Парламентарна законодавна иницијатива. Меѓутоа, земајќи го предвид тоа што во повеќето национални парламенти иницијативите што не се поддржани од извршната власт ретко успеваат, вредноста на оваа разлика е доведена во прашање. И неговата независност и власт значат дека Европскиот парламент има необично висока стапка на успех за неговите измени во споредба со националните парламенти, 80% просечно и 30% за спорни предлози. Составот на Советот може да се спореди само со единствениот и необичниот состав на Германскиот горен дом, Бундесрат. Членството во Бундесратот е ограничено на членови на владите на државите на Германија и може да биде отповикано од тие влади на истиот начин како и Советот на ЕУ. Тие ја задржуваат својата државна улога додека заседаваат во Бундесратот и доколку нивниот мандат завршува тогаш кога се отповикани од нивните државни влади (кои се единствено одговорни за нивното назначување), престануваат да заседаваат во нивната државна влада. Така, тие не се избрани во исто време и телото како целина не може да биде разрешено како повеќето парламенти. Како претставници на владата, членовите не гласаат како поединечни членови, туку во државни блокови, а не политичко усогласување, на нивното договорено место. Секоја држава има различна моќ во гласањето, врз основа на населението, со апсолутно мнозинство потребно за одлуки. На сличен начин, претседателството се менува еднакво помеѓу членовите, секоја година, а не секои шест месеци како во Советот на ЕУ. Меѓутоа, за разлика од Советот на ЕУ, Бундесратот не го менува својот состав во зависност од темата што е на дневен ред. Но, и двете институции поднесуваат слични критики, поради мешањето на извршните власти во законодавниот процес.

Локации уреди

Институциите не се концентрирани во еден главен град, туку се распространети во три градови: Брисел, Луксембург и Стразбур. Тековниот договор е постигнат во 1992 година и е додаден на Договорот од Амстердам. Во договорот е наведено дека Комисијата и Советот ќе бидат сместени во Брисел, Судовите во Луксембург, а Парламентот во Стразбур. Меѓутоа, некои оддели на Комисијата и заседавања на Советот се одржуваат во Луксембург, комитетите и некои седници на Парламентот во Брисел, а неговиот секретаријат во Луксембург. Што се однесува до новите институции, Централната банка е сместена во Франкфурт, а Европскиот совет во Брисел (но некои вонредни седници се одржуваат и на други места). Брисел е главен центар на ЕУ, поради институциите што се наоѓаат таму. Заедно со НАТО привлекува повеќе новинари и амбасадори, отколку Вашингтон ДК. Меѓутоа, договорот помеѓу трите градови беше предмет на некои критики, особено во однос на Парламентот поради големиот број луѓе што патуваат помеѓу градовите. Европската зелена партија процени дека договорот чини 200 милиони евра и 20.268 тони јаглерод диоксид. Некои луѓе повеќе сакаат Брисел да биде седиште на институциите на ЕУ, поради присуството на други институции и други групи, а други го поддржуваат Стразбур поради неговата историска важност за Европско единство.

Други тела и агенции уреди

Постојат голем број други значајни тела и агенции што не се формални институции. Има два советодавни комитети на институциите, од кои може да се побара совет во некои случаи: Економскиот и социјален комитет дава совети во врска со економската и социјалната политика (главно односите помеѓу работниците и работодавачите) и е формиран од претставници на различни индустриски и работни сектори. Неговите 344 членови, назначени од Советот за четиригодишен мандат, се организирани во три, речиси еднакви групи, коишто ги претставуваат работодавачите, работниците и други различни интереси, а Комитетот на региони е составен од претставник на регионалните и локалните власти и има изборен мандат. Тој дава совети во врска со регионални прашања. Има 344 членови, организирани во политички групи, назначувани секои четири години од страна на Советот. Друга институција е Европската инвестициска банка, која дава долгорочни кредити за да го помогне развојот и интеграцијата.

Постојат и голем број специјализирани и децентрализирани агенции, со кои раководи Комисијата, а понекогаш и Советот. Тие се поставени од законодавство или договор, со цел да се занимаваат со одредени проблеми или области. Тука спаѓаат Европската агенција за животна средина и Европол. Како дополнение на овие агенции има и три меѓуинституционални тела: Официјална канцеларија за објави, која е најстаро тело и издава и распределува службени изданија од телата на Европската Унија, а другите две, прилично нови тела, се:Европска служба за одбирање персонал, тело коешто организира натпревари за работни места во рамките на институциите на Унијата и Европската управна школа, којашто обезбедува посебна обука за персоналот на институциите на Унијата. Друго тело е Европската служба против измами (ОЛАФ), чија мисија е да ги заштити финансиските интереси на Европската Унија. Два дополнителни органи се: Европскиот народен правобранител, кој се занимава со жалбите на граѓаните во врска со институциите на Унијата и се избира за петгодишен мандат од страна на Парламентот и Европскиот надзорник на заштитата на податоците, кој ги обезбедува приватните права на граѓаните што ги почитуваат институциите во однос на обработката на податоците.