Империја е форма на општествено уредување. Зборот „империја“ потекнува од латинскиот збор „imperium“ и значи „моќ, авторитет“. Политички, империја е поголема група на држави или народи обединети и управувани или од монарх (император) или олигархија.

Империјализам и колонијализам во 1900.

Покрај основното значење на зборот, „империја“ може да се користи да се означи голем бизниз или компанија или политичка организација на или национално, меѓународно или градско ниво.[1]

Империјална политичка структура е основана и одржувана на два начина: (1) како „територијална империја“ на директно освојување и контрола со „сила“ (директно физичко дејствување за да се остварат замислите на императорот), и (2) „хомогена империја“ на индиректно освојување и контрола со „сила“. Првото е проследено со поголема политичка контрола, но не е ограничено во поглед на понатамошно проширување. Второто е обратно во поглед на првиот начин на управување на империјата.[2] Територијалните империи тежнеат да имаат континуирана територија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „definition of empire from Oxford Dictionaries Online“. Oxford Dictionary. Посетено на 21 November 2008.[мртва врска]
  2. Ross Hassig, Mexico and the Spanish Conquest (1994), pp. 23–24, ISBN 0-582-06829-0 (pbk)

Литература уреди

Надворешни врски уреди