Серијата Извор (шпански: El Manantial) е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 2001 година[1], со 95 едночасовни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 2002 година. Кај нас оваа теленовела се емитуваше на А1 телевизија, во утринскиот термин во 09 часот.

Извор
Жанрдрама, теленовела
Создадена одКуахтемок Бланко
УлогиАдела Нориега
Маурицио Ислас
Даниела Ромо
Алехандро Томаси
Кариме Лозано
Воведна тема"Amor, Amor, Amor"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди95
Производство
Извршен продуцент(и)Карла Естрада
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/elmanantial
лого на теленовелата „Извор“ 2001 година
лого на теленовелата „Извор“ 2001 година

Синопсис уреди

Приказна за страста и одмаздата помеѓу две сопернички фамилии, Валдез и Рамирес од гратчето Сан Андреaс. Предмет на расправијата е сопственоста на изворот со вода кој лежи меѓу нивните имоти и припаѓа на посиромашната фамилија Валдез, а Хусто Рамирес се труди на секој начин да го добие. Меѓутоа, главната причина за нивната омраза е шокантната тајна која се чува зад затворени врати. Хусто Рамирес е оженет со Маргарита, меѓутоа има тајна врска со Франциска, жената на Ригоберто Валдез. Ригоберто и Франциска ја имаат убават ќерка Алфонсина, родена отприлика во исто време со Александро, единствениот наследник на богатството на семејството Рамирес. Иако детството го поминале раздвоени и во атмосфера на предрасуди и омраза, кога конечно ќе се сретнат, меѓу нив се раѓа привлечност, која не се осмелуваат да ја признаат.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Адела Нориега Алфонсина Валдез
Маурицио Ислас Алехандро Рамирес
Алехандро Томаси Хусто Рамирес
Даниела Ромо Маргарита Рамирес
Мануел Охеда Отец Салвадор
Кариме Лозано Барбара

Награди уреди

  • Најдобра Теленовела на годината
  • Најдобра главна глумица на годината - Адела Нориега
  • Најдобра негативка на годината - Даниела Ромо

ДВД Издание уреди

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Извор. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 95 епизоди.

Наводи уреди

  1. „El Manantial“ (шпански). alma-latina.net. Архивирано од изворникот на April 1, 2003. Посетено на May 18, 2016.

Надворешни врски уреди