Зоран Стефановиќ (роден на 21 ноември 1969 во Лозница, Србија) е српски писател, издавач и меѓународен културен активист.[1] Дебитира во театарот и филмот 1987. Дипломирал во 1994 година на Факултетот за драмски уметности (Универзитетот за уметност во Белград). Живее во Белград.

Зоран Стефановиќ
Роден 21 ноември 1969
Лозница, Србија
Националност Србин
Занимање писател, издавач и меѓународен културен активист

Основоположник на неколку меѓународни културни мрежи. Неговите театарски драми, проза и графички романи се преведени на македонски, романски, словенечки, англиски, француски и полски.

Претседател на Друштвото на драмски писатели на Србија (2022).[2]

Уметничко дело уреди

Голем дел од неговиот уметнички опус спаѓа во фантастиката - во театарот ("Словенски Орфеј", македонска праизведба, режија: Горан Тренчовски;[3][4] "Сказна за космичкото јајце / Скаска о космичком јајету"), стрипот ("Третиот аргумент / Трећи аргумент", со уметник Зоран Туциќ врз основа на приказната од Милорад Павиќ, "Под волчјиот печат / Под вучјим жигом"), прозата ("Преку Дрина, со искра во окото / Преко Дрине, са искром у оку", "Време на бучава и бес / Време буке и беса") и во филмот и телевизијата ("Тесни патеки / Уске стазе").[5]

Останатиот дел од неговиот опус е од документарна природа, како ТВ-серијата "Јанусовото лице на историјата / Јанусово лице историје", или филмовите "Животите на Коста Хакман / Животи Косте Хакмана" и "Музика на тишината / Музика тишине".

Културна работа уреди

Тој е основоположник на неколку меѓународни културни мрежи и издавачки проекти: "Проектот Растко" (мрежа на дигитални библиотеки),[6] "Дистрибуирани коректори Европа" (меѓународна дигитализација на културното наследство), "Проектот Гутенберг Европа" (бета верзија, јавни дигитални библиотеки), и слични заедници и потфати во областа на издаваштвото, дигитализацијата, лексикографијата, а поп-културата.

Не ограничувајќи се само на Интернетот, беше активен и во бројни културни, научни и издавачки проекти во Евроазија од 1993 година, особено во земјите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија, Грција, Украина, Русија, Полска, вклучувајќи ги и потфатите за зачувување на малцинските и племенските култури на Евроазија или иницијативата за "Балканска културна мрежа" (заедно со грчкиот културен активист и музички продуцент Никос Валканос и со други колеги).

Неговите општествени ставови вклучуваат и силно застапување на филозофијата на "отворени извори" и слободно знаење, како "цивилизациски темели на секое човечко општество". Активно поддржува неколку регионални Википедии, особено во Источна Европа, уште од нивното основање.[7]

Награди и признанија уреди

Како писател, драматург и сценарист беше национално и меѓународно наградуван и номиниран околу петнаест пати, вклучувајќи ги и номинациите за наградата "Prix Europa" во Берлин и "Prix Italia" во Рим.

За својата културно-издавачка работа национално и меѓународно е признаен дваесетина пати, вклучувајќи ги и: номинацијата за "United Nations World Summit Award", трипати годишната награда на Друштвото на информатичарите на Србија и десет "YU Web Top 50" (сега "SR Web Top 50") признанија.

Извори уреди

  1. Биографија на мрежното место на "Проект Растко - Македонија" (македонски)
  2. Стојановић, Милица. “Изабрана управа Удружења драмских писаца Србије, нови председник је Зоран Стефановић” Архивирано на 5 февруари 2023 г., Drama.org.rs, 2023
  3. Мрежно место посветено на драмата "Словенски Орфеј" (номинирана за наградата Prix Europa 2002) (српски, англиски, македонски)
  4. "Словенски Орфеј" на ИМДБ, режија: Горан Тренчовски / Ацо Алексов, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица и Македонска радио-телевизија - Скопје (англиски)
  5. Биографија на мрежното место на Здружението на драмските писатели на Србија Архивирано на 1 април 2010 г. (српски)
  6. Орлиќ, Милан. "Дух над водама: Пројекат Растко — ћирилични део глобализације", Арттех-Свеске, 2005 (српски)
  7. Извештај за Стефановиќевото предавање за филозофијата на "отворени извори" на Викимедиината регионална конференција, Белград 2008. - извештај на Полската Викимедија. (полски)

Врски уреди