Знаме на Република Кореја

Знамето на Јужна Кореја, или Тегокги е националното знаме на Јужна Кореја и е засновано на кинескиот јин и јанг симбол и има три делови: бела позадина, црвен и син диск со јин и јанг симбол и четири црни триграми во секој агол.


Знаме на Република Кореја
}}
Назив Taegeukgi
Употреба државно, пловно и управно пловно знаме национално знаме, граѓанско и државно поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 6 март 1883
Опис Бело знаме со црни црти и диск во црвена и сина боја.

Црвите триграми потекнуваат од стара кинеска книга и ги претставуваат четирите идеи на кинеската филозофија за универзумот: хармонија, баланс, циркулација и симетрија. Боите потекнуваат од традиционалните корејски бои, црвена, сина и жолта, бои кои Корејците ги користеле низ историјата. Белата боја претставува чистота на народот. Синиот дел од дискот го претставува лошото, додека црвениот дел доброто. Заедно со триграфите и нивното значење знамето претставува движење кон вечноста.

Тригарми уреди

Значењето на триграмите се:

корејски Природа Сезона Ориентација Четирите идеи Семејство Четирите елементи Значење
  geon (건 / ) небо (천 / ) пролет (춘 / ) исток (동 / ) човештво (인 / ) татко (부 / ) небо (금 / ) правда(정의)
  ri (리 / ) сонце (일 / ) есен (추 / ) југ (남 / ) правилно однесување (예 / ) син (중남 / ) оган (화 / ) мудрост (지혜)
  gam (감 / ) месечина (월 / ) зима (동 / ) север (북 / ) знаење (지 / ) ќерка (중녀 / ) вода (수 / ) виталност (생명력)
  gon (곤 / ) земја(지 / ) лето (하 / ) запад (서 / 西) правичност (의 / ) мајка (모 / ) земја (토 / ) плодност (풍요)

Традиционално четирите триграми се поврзуваат со петте елементи: оган, вода, земја, дрво и метал.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди