Знаме на Непал — единственото државно знаме во светот кое не е правоаголно. Знамето е составено од два триаголни прапорци кои се обоени во темноцрвена боја според националното цвеќе на Непал, родендрон. Сините граници на триаголниците го означуваат мирот. Во средината на триаголниците се наоѓаат сонцето и полумесечината. До 1962 година, сонцето и месечината имале човечки лица. Тие останале на знамето на кралот. Денешното знаме на Непал било усвоено на 16 декември 1962 година. Ова знаме е засновано на постаро индуско знаме.

Знаме на Непал.
Знамето на Непал до 1962.

Поврзано уреди