Знаме на Молдавија

Националното знаме на Молдавија е составено од три вертикални полиња со сина, жолта и црвена боја. На лицето на знамето во средина е поставен грбот на Молдавија, но не е поставен и на заднината на знамето. Боите се идентични со боите на знамето на Романија, што ја симболира зближеноста на двете земји. Знамето на Молдавија е едно од трите знамиња во светот каде лицето и заднината на знамето не се исти. Такво знаме е знамето на Парагвај и знамето на Саудиска Арабија. Во 2010 година во Молдавија бил донесен нов закон и според него, заднината на знамето е обратно по распоред на елементите од лицето, т.е. како поглед во огледало.


Знаме на Молдавија
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и граѓанско поморско знаме
Сразмер 1:2
Усвоено 17 мај 1990
Опис Три хоризонтални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина, но само на предната страна на знамето.
}}
Варијанта на знамето на Молдавија
Употреба воено знаме воено знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 28 март, 1991 (?)
Опис Голем црвен крст со жолти гранични ленти на сина позадина со ситилизирана верзија на националниот грб. На задната страна нема грб туку натпис романски: "Pentru Onoare! Pentru Patrie! Pentru Tricolor!".

Други знамиња уреди

Поврзано уреди