Знамето на Либан е официјалното знаме на оваа азиска држава. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја во приказ на зелен либански кедар во средината на знамето.[1]


Знаме на Либан
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 7 декември, 1943
Опис Три хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја со либански кедар во средина.

Симболизам уреди

Знамето е составено за да биде неутрално и да не ја претставува ниту една религиска група во земјата. Црвената боја ја симболизира крвта пролеана за слобода на државата, додека белата лента симболизира мир и снегот кој ги покрива либанските планини. Либанскиот кедар симболизита издржливост и бесмртност.[2] Кедарот треба да е секогаш исцртан во зелена боја.[2]

Историски знамиња уреди

Верзии на либанското знаме уреди

Наводи уреди

  1. „The description of the flag is cited in the Lebanese Constitution, Chapter 1, Article 5“. Архивирано од изворникот на 2002-05-03. Посетено на 2011-04-15.
  2. 2,0 2,1 „The symbols of the republic“. Lebanese Presidency Official Site. Архивирано од изворникот 2007-12-23. Посетено на 2008-04-16.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди