Знаме на Лаос

државно знаме

Знамето на Лаос е националното знаме на Лаос и било усвоено на 2 декември 1975. Ова знаме било кратко време користено од лаоското движење во 1945 година.

Знаме на Лаос.

Опис уреди

Знамето се состои од три хоризонтални ленти, од кои горната и долната се црвени додека средната е сина. Во средината има бел диск. Соодносот на знамето е 2:3.

Националното знаме на Лаос било усвоено на 1975 година кога државата станала демократска република. Ова е ретко комунистичко знаме кое не користи петокрака во самиот дизајн. Ова знаме го заменило оригиналното лаоско знаме кое е црвено и има слон на него. Со тоа знаме се објаснува изреката „држава на милион слонови“ и датира од 19 век.

Галерија уреди

Поврзано уреди