Знаме на Колумбија

Знамето на Колумбија е усвоено 26 ноември 1861 година. Знамето е тробојно, во жолта, сина и црвена боја. Жолтата боја ја зазема горната половина на знамето, а другите две по една четвртина.

Знамето на Колумбија
Знамето на трговската морнарица на Колумбија
Знамето ма воената морнарицана Колумбија

Франциско Миранда е првата личност која го осмислила знамето со овие три бои, потпирајќи се примерно на боите кои ги користел Кристофер Колумбо на своето знаме, но и Гетовата теорија за основните бои. Овие бои на знамето ги делат Колумбија, знамето на Еквадор и знамето на Венецуела.

Се смета дека овие бои носат и додатни значења. Па така жолтата е симбол на ресурсите на земјата, сината на океанот кој ја опкружува оваа земја, а црвената крвта што била проелана во борбата за независност.

Поврзано уреди