Знаме на Источен Тимор

Знамето на Источен Тимор е националното знаме на државата. Знамето е усвоено во 2002 и е исто со знамето од 1975. Знамето е составено од два триаголника на црвена основа. Во црниот триаголник се наоѓа бела ѕвезда.

Знаме на Источен Тимор.

Жолтата боја на знамето ги симболизира влијанијата на колонијализмот во историјата на Источен Тимор, црната боја означува недостаток во нацијата која треба да се преброди, црвената боја означува борба за независност и ѕвездата означува светлина која води до мир.

Поврзано уреди