Знамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули 1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.

Знаме на Иран
Flag of Iran before 1979 revolution

Симболизам уреди

Боја Опис
Зелена Симбол на надежта и развојот
Бела Симбол на честа и мирот
Црвена Симбол на храброста и љубовта

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди