Знамето на Индија е усвоено на 22 јули 1947[2] и малку изменето на 15 август истата година. Се состои од три еднакви хоризонтални ленти, горната се потрокалова бога, бела и долната зелена. Во центарот се наоѓа мариносиното тркало со 24 линии.

Индија Национални симболи на Индија[1]
Знаме Тробојка
Амблем Лав Капитал
Химна Jana Gana Mana
Песна Vande Mataram
Животно Кралски бенгалски тигар
Птица Индиски паун
Цвеќе Лотус
Дрво Бенгалска смоква
Овошје Манго
Спорт Хокеј на трева
Календар Сака
Знамето на Индија

Знамето со овие три бои првпат ја употребила најголемата индиска партија, Индиски националнен конгрес (ИНК) како свое неофицијално знаме. Тогаш боите имале поинакво значење: црвената - хиндуизам, зелената - ислам а бела ги означувала сите останати религии, иако многу сметала дека белата боја всушност претставувава обединување на хиндуизмото и исламот. При официјалното усвојување на индиското знаме за боите е дадено следното објаснување: портокаловата претставува самоодрекување, бидејќи водачите мораат да бидат индиферентни во однос на материјалните добра и да бидат посветени на својата работа. Белата е светлина, патот на вистината. Зелената е односот кон земјата. тркалото во средината е чакрата, која го претставува законот на вистината и добрината. Исто така го претставува и движењето кое Индија треба да ги следи[3].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „National Symbols of India“. High Commission of India, London. Посетено на 2007-09-03.
  2. Heimer, Željko (2 јули 2006). „India“. Flags of the World. Посетено на 2006-10-11.
  3. „Flag Code of India“. Ministry of Home Affairs, Government of India. 25 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 2006-01-10. Посетено на 2006-10-11.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: