Знамето на Виетнам е официјалното знаме на државата. Знамето било создадено во 1940 и се користело за време на револуцијата за отфрлување на француската власт во државата. Денешното знаме станало официјално знаме на Северен Виетнам, но во 1955 се направиле мали промени во дизајнот на ѕвездата. Знамето е составено од црвена позадина со златна петокрака во средината. Црвената боја е инспирирана од знамето на комунистичката партија во Виетнам и симболизира револуција и крв. Петте краци на ѕвездата ги симболизираат работниците, селаните, интелектуалците, трговците и војниците, сите во една хармонија. Јужен Виетнам имал посебно знаме, но со обединувањето на државата знамето на Северен Виетнам станало официјално знаме на обединетата држава.

Знаме на Виетнам.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди