Златна церемонијална кочија

Златната церемонијална кочија (англ. Gold State Coach) била изработена во 1762 и служи при крунисување на британскиот монарх од Џорџ IV па сѐ до денес. Кочијата тежи 4 тона, долга е 8 м, а висока е 4 м. Се одликува со позлата и има панели насликани од Џовани Кипријани, како и богати позлатени скуптури, меѓу кои на три херувини на покривот и четири тритони, по еден на секој агол. Каросеријата на кочијата е прицврстена со ремени прекриени со мароканска кожа и украсени со позлатени токи. Златната церемонијална кочија ја влечат 8 коња со црвени марокански запреги. Првобитно кочијата била возена од кочијаш, но денес коњите ги водат јавачи, одејќи крај нив.

Златната церемонијална кочија во Кралските коњуаршници во Лондон

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди