Замок на небото (天空の城ラピュタ, Tenkū no Shiro Rapyuta) е јапонски анимиран филм напишан и режиран од Хајао Мијазаки од 1986. Ова е првиот филм создаден и објавен од Студио Гибли. Филмот ја освои наградата Animage Anime Grand Prix во 1986. Музиката за филмот е компонирана од Џо Хисаиши

„Замок на небото“
филмскиот постер
РежисерХајао Мијазаки
ПродуцентИсао Такахата
СценаристХајао Мијазаки
Главни улогиКеико Јокозава
Мајуми Танака
Котое Хацуи
Минори Терада
МузикаЏо Хисаиши
СтудиоСтудио Гибли
ДистрибутерКомпанија Тоеи
Премиераавгуст 2 1986 (1986-08-02)
Времетраење126 минути
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски

Кратка содржина уреди

Алтернативна реалност која е на ниво на технолошкиот развој на Европа на почетокот на XX век. Лапута - легентарниот летачи остров за некои луѓе претставува огромен капацитет за моќ за други место полно богатства. Но небесниот замок изгубен во облаците е можно да се пронајде само со кристалот на Летечкиот Камен. Шита, сопстевинчата на каменот кој и бил предаден од нејзиното семејство не е свесна за оваа моќ сè додека не почне потера по неа. Филмот започнува како пирати го напаѓаат и окупираат авионот во кој се наоѓа Шита. Шита бега и паѓа, но волшебната моќ на талисманот ја спасува. Онесвестената Шита е пронајдена од Пазу - момче од рударскиот град.

Меѓутоа пиратите не престануваат да се надеват дека ќе го украдат и искористат талисманот. Нивна конкуренција е војската која со талисманот сака да го пронајде островот Лапута скриен меѓу облаците. Војската ја фаќа и заробува Шита. Нејзиниот талисман случајно враќа во живот еден робот кој живеел на Лапута. Роботот започнува да пустоши околу себе заради што војската го напаѓа и уништува. За тоа време Паз успева да ја спаси Шита и заедно побегнуваат. Талисманот останува во војската и им го покажува патот до Лапута. Почнува друга битка меѓу пиратите и војската. На чело на вторите е Муска - еден од потомците на Лапута и во родство со Шита чија желба е да завладее со островот и на тој начин да ја преземе власта над целиот свет.

Ликови уреди

Шита е 13-годишно фармско девојче. Пред почеткот на филмот нејзините родители и баба умираат со што Шита останува сираче како Пазу. Владата и бандата на Дола ја бркаат заради нејзината огрлица која ја носи постојано откако мајка и ја дала пред да умре. Шита е храбра, внимателна и паметна. Е земјоделка, знае сè за сонцето, земјата и животните.

Пазу — врсник на Шита, сирак и помошник на господарот на рудникот за метал. Како татко си и тој сака да ја најде Лапута. Има своја куќа и се грижи за стадо гулаби. Обожава да лета и сон му е да изгради авион со кој ќе ја пронајде Лапута и ќе докаже дека приказните кои ги раскажувал тако му за замокот Лапута се вистинити. Пазу е љубезен и вреден иако малку своеглав. Исто така е искусен механичар.

Дола е главата на летечката пиратска банда Дола и мајка на тројца од членовите. Таа е солидна командерка и одлична лидерка. и знае сите тајни воени кодови и ги користи за да прислушкува владини пораки и да ги искористи во своја полза. Останува мирна и за време на итни случаи, и е пристоен борец и покрај својата возраст.

Полковник Муска е таен агент на владата и супериорен на генерал Муоро. Полковникот Муска е лукав и уверлив. Владата го задолжила за потрагата на замокот Лапута. Муска знае многу за Лапута и неговите тајни.

Улоги уреди

  • Принцеза Шита (Лушита Тоел Ур Лапута) — Кеико Јокозава;
  • Пазу — Мајуми Танака;
  • Полковник Муска (Ромуска Пало Ур Лапута) — Котое Хацуи;
  • Генерал — Ичиро Нагаи;
  • Чичко Пом — Фуџио Токита;
  • Шалалу — Такузо Камијама;
  • Луи — Јошито Јасухара;

Надворешни врски уреди