Заменки во македонскиот јазик

Заменките во македонскиот јазик се менлива група на зборови кои се користат за означување или посочување на предмети, суштества или појави. Со нив се означува некој или нешто не со неговото именување, туку со укажување на него.[1] Според значењето, заменките се делат на три основни групи: лични, лично-предметни и показни.

Лични заменки уреди

Личните заменки го добиле своето име не поради тоа што најчесто означуваат лице, туку поради нивната граматика категорија лице. Со овие заменки се означува односот на учесниците во разговорот.[2] Личните заменки се сретнуваат во трите рода, во двата броја, имаат посебни кратки и долги форми за директен и индиректен предмет и овие заменки ги опфаќаат лично-повратните заменки себе (си)/ се.

Лични заменки
број лице подмет директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мене ме мене ми мене
II ти тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој него го нему му него
ж.р. таа неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа него го нему му него
множина I ние нас нè нам ни нас
II вие вас ве вам ви вас
III тие нив ги ним им нив

Лично-предметни заменки уреди

Лично-предметните заменки се делат на: прашални, односни, одречни, општи и неопределени.[3]

Прашални заменки уреди

Овие заменки се користат во прашална форма со прашално значење. Некои од прашалните заменки се:

  • кој, која, кое, кои; кого, го; кому, му;
  • чиј, чија, чие; чии;
  • што; колкав; каков

Односни заменки уреди

Односните заменки се користат за да се искаже однос во реченицата. Некои односни заменки се:

  • којшто, кој; чијшто, чиј итн.

Неопределени заменки уреди

Неопределените заменки се користат за посочување неопределена ориентација/ состојба/ предмет/суштество во еден контекст. Тие не се однесуваат конкретно на некој поединец или единка и некои неопределени заменки се:

  • некој, некого; на некого (некому); некојси; секој; нешто, сешто; сèнешто; сето (синоним на целото, во таква служба не може да стои сè: за сето тоа)
  • кој било; кој да е; кој-годе; што било итн., каков-годе итн., колкав-годе итн.

Одречни заменки уреди

Одречните заменки се користат за негативна конотација и искажување негативност во однос на нешто. Некои одречни заменки се:

  • никој; ништо итн.

Општи заменки уреди

Со овие заменки се искажува или посочува општост или генерално како стојат дејствата во еден контекст. Некои општи заменки се:

  • секој, сешто, сечиј итн.

Повратни заменки уреди

акузатив датив
целосна кратка целосна кратка
себе се себе си

Показни заменки уреди

Показните заменки служат за просторно и временско посочување на лица или предмети во однос на лицето што зборува.[4] Такви заменки се:

  • За посочување блиски предмети: овој, оваа, ова, овие
  • За посочување пооддалечени предмети: оној, онаа, она, оние
  • За посочување предмети без просторно определување (освен во некои случаи): тој, таа, тоа, тие.

Користена литература уреди

  1. ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ^ Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
  4. ^ Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
  5. ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди