Забранета страст (шпански: Pasión Prohibida) е теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата е снимана во текот на 2012 година, а започна со емитување на 22 јануари 2013 година. Како главни протагонисти во сеирјата се јавуваат Хенкарлос Канела и Моника Спеар. Теленовелата е римејк на турската серија Aşk-ı Memnu од Еџе Јоренџ и Мелек Генчокглу.

Забранета страст
Жанртеленовела
Создадена одЕџе Јоренџ и Мелек Генчокглу
УлогиХенкарлос Канела
Карла Спеар <br Ребека Џонс
Роберто Вандер
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди40-45 минути
Продукција
Извршен продуцент(и)Vicente Albaraccin
Времетраење-
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување22 јануари 2013
Мрежна страницаhttps://www.usanetwork.com/pasion-prohibida nbc.com/pasion-prohibida, https://www.usanetwork.com/pasion-prohibida

Содржина уреди

Бјанка е заслепена од омраза кон нејзината мајка Флавиа, која ја обвинува за ненадејната смрт на нејзиниот татко. Бјанка се венчава со Ариел, стар и богат вдовец, на кој му фрлила око и Флавиа, трагајќи по богатство. И покрај љубезноста на Ариел и чувтсвата спрема Бјанка, таа не е среќна со него. Кога ќе ја открие скриената вистина, сфаќа дека неосновано ја започнала одмаздата и се обидува својата среќа да ја најде кај Фернандо. Но, се случува нешто неочекувано, кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, млад и привлечен внук на нејзиниот сопруг Ариел. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта на Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Моника Спир Бјанка Сантијана
Хенкарлос Канела Бруно Хуртадо
Ребека Џонс Флавиа Сантијана
Роберто Вандер Ариел Пиамонте
Мерцедес Молто Дениз Лефевр
Сабрина Сеара Пенелопе Сантијана
Кармен Ауб Нина Пиамонте
Присила Пералес Елиана Рамирес
Рубен Моралес Саломон Барера
Марисела Гонсалес Франциска Пиамонте
Хенри Зака Гуљелмо Аредондо

Надворешни врски уреди