Жртва е поим кој во шахот претставува потег со кој едниот противник на другиот му нуди фигура или пешак, со надеж дека промените кои ќе настанат во позицијата со прифаќање на понудениот материјал, на страната која ја понудила жртвата ќе ѝ донесат тактичка или положбена компензација во различни форми. Поимот „жртва“ се употребува и при размена на фигура со поголема материјална вредност за фигура со поматеријална вредност.

Секоја фигура, освен кралот може да се жртвува. Поради фактот што, обично најголемиот број на шахисти се обидуваат да ги зачуваат своите фигури и правилно да ги позиционираат, жртвите се ненадејна појава и изненадување за противникот, што влијае негативно од психолошки аспект за противникот, при што тој обично е принуден да изгуби повеќе време пресметувајќи ги сите можни комбинации и оценувајќи ги сите можни позиции кои би можеле да настанат по прифаќањето или отфрлањето на жртвата. Партиите, кои содржат комбинација со жртва на дама или повеќе фигури во една комбинација, најчесто имаат позитивна критика и се наградувани.

Видови на жртви уреди

Вистинска наспроти псевдо жртва уреди

Основната поделба на жртвите во шахот е на вистински и псевдо жртви:

  • По вистинаксата жртва, шахистот кој жртвувал материјал често мора да игра со материјален недостаток одредено време.
  • По псевдо жртва, шахистот којшто ја нуди жртвата набргу воспоставува материјална рамнотежа или пак доаѓа и до материјална предност. Псевдо жртвата од овој вид понекогаш е позната како лажна жртва и чсто води до мат[1]

Бидејќи вистинската жртва носи индиректни резултати, не може само по неколку потези да се воочи дали позицијата на шахистот кој ја понудил жртвата е подобра или полоша отколку пред жртвувањето на фигурата. Поради ова, вистинските жртв често се нарекуваат шпекулативни жртви.

Вистински жртви уреди

Напад на крал. Шахистот може да жртвува пешак или фигура за да ги отвори линиите, кои може да ги ползува за напад на противничкиот крал, за да се стекне со просторна предност на кралското крило, да ја разбие пешачката гарда пред противничкиот крал и да создаде слаби полиња во противничката позиција или да го задржи противничкиот крал во центарот. И покрај тоа, патот до мат може да биде несигурен па дури може и да не постои. Доколку противникот, успее да се одбрани од нападот, задржувајќи ја материјалната предност, најчесто победува. Типичен пример за тоа е грчкиот подарок.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Неочекувана жртва со потегот 6.Lxf7+

Развој. Вообичаено е да се жртвува пешак во отворањето за да се забрза развојот. Во оваа група спаѓаат гамбитите. Жртвите кои се нудат за да се обезбеди побрз развој може да бидат одбиени од противникот или да бидат понудени контражртви, во сротивно развојот на страната која жртвува материјал може да се претвори во убиствен напад над противничкиот крал.

Стратешка/положбена жртва. Главната цел на сите вистински жртви е да се обезбеди положбена предност. И покрај тоа, постојат шпекулативни жртви, при што компензацијата е во облик на отворени линии или слабости во пешачката струтура на противникот. Во ваква ситуација, не е јасно до кој степен стекнатата положбена предност може да се претвори во материјална и кои стандарди се користат при изразувањето на материјалната предност преку положбената. Ова се најтешките жртви, кои со ризикот кој го носат бараат и одлично стратешко разбирање.

Псевдо жртви уреди

Мат. Најголемата корист и главната цел која се очекува да се оствари со жртвувањето на материјал е да се матира противничкиот крал. За остварување на оваа основна цел во шахот, недостигот на материјал (видете Бодовна вредност на шаховските фигури) не мора да го попречува планот за матирање на противничкиот крал. Жртвите кои водат до мат се типични форсирачки и често објавувањето на повеќе шахови го остава противникот пред само една или неколку опции (на пример, доколку на црниот крал му е објавен шах од страна на белиот коњ и доколку црната дама го земе коњот, по што белиот топ го матира црниот крал).

Избегнување на пораз. Целта на овој вид на псевдо жртви е од изгубена позиција, во која послабата страна има голем материјален недостиг, преку жртва на преостанатиот материјал да се обезбеди реми. Жртвата се нуди за да се дојде до пат или вечен шах. Тоа може да се направи со создавање на тврдина или да се ремизира на друг начин.

Стекнување на материјална предност. Жртвата може да биде понудена и со цел да се спроведе комбинација, која доведува не само до воспоставување на материјална рамнотежа, туку и до стекнување на материјална предност, со што се потврдува полновредносното значење на понудената жртва. Како посебен пример, во оваа група на ртви е пешачката промоција.

Расчистување. Жртвувањето на материјал може да биде корисно и во позиции, кога едната срана има голема материјална предност и само прашање на време е кога ќе биде матиран противничкиот крал. Основно правило во шахот е да се заменат противничките фигури и да се дојде до чиста позиција, во која е очигледно која страна ќе победи. Ова обично се прави со размена на соодветните фигури, но во одредени позиции, можно е истото да се стори и сожртва на материјал. Користа од ваквите позиции е јасна и води до побрзо матирање на противничкиот крал.

Форсирани и нефорсирани жртви уреди

Според друга поделба, се разликуваат форсирани и нефорсирани жртви. Форсираните жртви го оставаат противникот без друга ожност, освен да ја прифати жртвата, најчесто поради голем материјален недостаток или форсиран мат, доколку жртвата биде одбиена. За разлика од форсираните, нефорсираните жртви на страната на која ѝ е понудена жртвата ѝ даваат можност да избере. Вообичаена грешка е кога не може да се одреди кога оделна жртва може да биде одбиена со безболни ефекти.

Останати видови на жртви уреди

  • Тактичката жртва може да биде категоризирана подлабоко, иако постојат жртви кои може да бидат категоризирани во повеќе категории.[2]
  • Со отстранувачките жртви, целта е да се оддалечи противниќката фигура од поелто на кое најдобро е позиционирана.
  • Со разорувачките жртви се жртвува фигура со цел да се отстрани материјалниот недостаток, и тоа со жртва на повредна фигура, при што шахистот којшто ја спроведува жртвата може да обезбеди контрола на полиња на кои нема пристап пред тоа.
  • Магнетна жртва е слична со отстранувачката жртва, но целта која се сака да се постигне со магнетната жртва е да се отстрани противничката фигура од силното и да се смести на послабо поле.
  • Со расчистувачката жртва, шахистот кој ја нуди жртвата се стреми да го ослободи полето на кое се наоѓа жртвуваната фигура или да им ослободи простор на останатите фигури полесно да се синхронизираат или на истото поле да постави фигура, која би имало поголемо влијание во одржувањето на позицијата и создавањето на натамошната игра.
  • Со темпо жртвата, шахистот кој ја нуди жртвата се воздржува од трошење време за оневозможување на противникот да освои материјал, бидејќи времето кое е заштедено може да се искористи за нешто подобро и поконкретно (на пример, напад на кралот со помош на двојни пешацин до промоција).
  • Целта на самоубиствената жртва е страната која ја понудува жртвата да се осолободи од останатите фигури, кои имаат потези на располагање и со тоа од послаба позиција да се обезбеди реми.

Примери уреди

Отстранувачка жртва уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Аронјан - Свидлер, Меморијален турнир во чест на Михаил Таљ, Москва, 2006 Позицијата по 24. exd4??

Во позицијата на дијаграмот [3], белата дама на d3 е на врвот од скалата, на чие дно се наоѓа топот на d1. Тој погрешно одиграл 24. exd4??, отворајќи ја вертикалата е за црниот топ. Откако црниот (Свидлер) одиграл 24. ...Te1+!, белиот (Аронјан) бил принуден да се предаде, бинаку во спротивно по форсираниот потег 25.Txe1, би ја загубил дамата (на 25.Df1, следува 25...Dxf1# ).

Овој вид на жртва е наречен и „трик со скала и кука“, при што белата дама се наоѓа на врвот од скалата, односно ја претставува куката, а на дното се наоѓа топот, кој ја заштитува.[4]

Жртва за избегнување на пораз уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Во позицијата на дијаграмот, црниот одиграл 1...Dxg3? со неодбранлива матна закана. Но, по потегот 2. Dg8+!, црниот е принуден да ја прими жртвата, бидејќи во спротивно ќе биде матиран. По 2...Kxg8, следува 3. Txg7+!. Белиот настојува да му објавува шах на противничкиот крал на седмата хоризонтала, при што црниот не смее да го земе топот, бидејќи би настанала пат позиција.[5]

Оваа одбрана на Еванс била наречена „измама на векот“.[6] Во оваа позиција, белиот топ се нарекува десперадо.

Нефорсирана жртва уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Во оваа позиција, Решевски е ставен во дилема, дали да ја прифати или одбие понудената жртва. Белиот штотуку одиграл h2-h4. Ако црниот го земе коњот, тој ќе биде принуден да го жртвува својот коњ на f6, за да избегне мат на h7. Наместо да го прави ова, тој може само да ја одбие жртвата и да ја продолжи играта.

Положбена жртва уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Спаски - Таљ, Москва, 1971

Во позицијата на дијаграмот, партијата продолжила со 1... d4! 2. Sxd4 Sd5. Во размената за жртвуваниот пешак, црниот добил полуотворена хоризонтала, дијагонала, пункт на d5 и го натажил белиот со заостанатиот пешак на d3. И покрај тоа, јасно е дека ова е доволна компензација. Партијата би требало да заврши реми.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Rudolf Spielman, "The Art of Sacrifice in Chess", 1995, Dover, ISBN 0-486-28449-2
  2. This classification scheme was presented by Hans Olav Lahlum in a series of articles in Norsk Sjakkblad, бр. 2 2006 Архивирано на 24 јули 2011 г. (стр. 44), бр. 3 2006 Архивирано на 24 јули 2011 г. (p. 44), бр. 4 2006 Архивирано на 24 јули 2011 г. (стр. 44), бр. 5 2006 Архивирано на 24 јули 2011 г. (стр. 35) и бр. 6 2006 Архивирано на 24 јули 2011 г. (стр. 31)
  3. No Archiving Spiders Allowed
  4. The Hook & Ladder Trick Архивирано на 23 август 2007 г. Chess Life Dana Mackenzie
  5. http://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1252040 Evans - Reshevsky, USA 1963
  6. Stalemate! Архивирано на 2 мај 2012 г. Jack O’Keefe, Michigan Chess Association.

Корисна литература уреди

Надворешни врски уреди