Житието на Брајан според Монти Пајтон

Житието на Брајан според Монти Пајтон или Животот на Брајан (англиски: The Life of Brian) , е британски филм (од жанрот комедија) од 1979 година во режија на Тери Џонс, а главните улоги ги играат членовите на групата Монти Пајтон: Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Палин. Покрај нив, во филмот настапуваат и Сју Џоунс-Дејвис, Гвен Тејлор, Џон Јанг, Нил Инс, Теренс Бајлер, Керол Кливленд итн.

„Житието на Брајан според Монти Пајтон“
РежисерТери Џонс
ПродуцентЏон Голдстон
СценаристГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Главни улогиГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
МузикаЏефри Бургон
ДистрибутерWarner Bros./
Orion Pictures Corporation (САД)
Handmade Films (Велика Британија)
Премиера1979
Времетраење94 минути
Земја Обединето Кралство
ПретходенМонти Пајтон и Светиот Грал
СледенМонти Пајтон во живо на Холивуд Боул
Рибат од Монастир, Тунис. Според Мајкл Пејлин, првата снимена сцена била сцената со каменување покрај надворешниот ѕид.

Синопсис уреди

Во филмот се раскажува приказната за Брајан Коен (го игра Греам Чепмен), млад човек роден на истата улица и во истата ноќ како и Исус Христос. Веднаш по раѓањето на Брајан, него го посетуваат тројцата кралеви кои му носат поклони, сметајќи го за месија, но пота ја увидуваат грешката. Триесет години подоцна, Брајан е млад човек кој е вљубен во Џудит (ја игра Џоунс-Дејвис) и поради неа ѝ се приклучува на една илегална еврејска револуционерна група. Бидејќи татко му бил Римјанин, Брајан ги мрази Римјаните и за да ја докаже својата храброст, тој пишува пароли на плоштадот. За време на акцијата, тој е уапсен, но подоцна успева да побегне. Бегајќи од римските војници, Брајан се преправа како пророк и луѓето почнуваат да го следат, така што набргу стекнува голем број следбеници, иако тој не може да го поднесе нивното слепо идолопоклонство. Подоцна, за време на една терористичка акција, Брајан е уапсен и осуден на смртна казна. За време на распнувањето на крстот, него го посетуваат мајка му, Џудит и раководството на терористичката група, но никој не му помага.

Осврт кон филмот уреди

Филмот бил контроверзен поради тоа што комбинира комични елементи и елементи од религијата. Сепак, истовремено тој се стекнал со голема популарен: во 2000 година, читателите на списанието Total Film го прогласиле за најдобра комедија на сите времиња; во 2004 година, истото списание го прогласило Житието на Брајан за петтиот најдобар британски филм на сите времиња; во 2006 година, повторно бил прогласен за најдобра комедија на две посебни гласања на британските ТВ канали Канал 4 и Пет; а на списокот на IMDb, филмот постојано се наоѓа меѓу 250-те најдобри филмови во историјата.

Надворешни врски уреди

Рецензии уреди


Монти Пајтон  
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот