Желево

село во Преспанско, Егејска Македонија

Желево (грчки: Ανταρτικό, Андартико; до 1927 г. Ζέλοβο, Зелово[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 84 жители (2011) — сите Македонци.[3]

Желево
Ανταρτικό
Поглед на Желево
Поглед на Желево
Желево is located in Грција
Желево
Желево
Местоположба во областа
Желево во рамките на Преспа (општина)
Желево
Местоположба на Желево во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°45.32′N 21°12.26′E / 40.75533° СГШ; 21.20433° ИГД / 40.75533; 21.20433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000010600000001.060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно84
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоzhelevo.com

Географија уреди

Селото е сместено во областа Корешта, 30 км југозападно од Лерин и 38 км северно од Костур. Лежи на брегот на Рулска Река (месно наречена Желевска Река), во подножјето на планината Бигла.[3]

Атарот е мошне голем, со површина од 44 км2. Три четвртини отпаѓа на планински предели. Селото на североисток се граничи со Песодер, на север со Герман, на северозапад со Рудари и П’пли, на запад сп Оровник и Буковик, а на југоисток со Оштима и Трсје.[4]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Селото најпрвин се наоѓало на повисоко место, во месноста денес наречена Лазина[3] или Старо Желево. Според преданието, тоа село е напуштено поради голем порој во кој се пролизгале и срушиле селските градби. Првите преселници во новото село се занимавале со дрварство, изработка на дрвена покуќнина и орудија кои ги продавале во Лерин.[5] Забележано е дека во 1915 г. во Старо Желево сè уште биле зачувани темелите на тие куќи.

Во османлиски дефтер од XV век во Жељова по име се заведени 92 глави на семејствата.[6] Во даночните записници од средината на XV век Желево е споменато со 35 глави на семејства и двајца неженети: државата имала вкупен приход од селото во износ од 2.275 акчиња[7].

На почетокот на ХVІІІ век е изградена црквата „Св. Никола“,[8] на чие место во 1925 г. е подигната нова.[9]

На крајот на XIX век Желево било македонско село в Костурската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Селево (Sélévo) било серло во Костурската каза со 90 домаќинства и 265 жители Македонци.[10][11]

Кон средината на XIX век во Желево почнале да се чувствуваат струењата на македонската преродба. Во 1864 г.[12][13] по иницијатива на преродбеникот и војвода во Македонското востание, Павле Јанков во селото е изградена втора црква — „Св. Атанасиј“, но грчкиот владика од Костур одбивал да ја освети сè додека не бидат отстранети словенските натписи. За нив е постигната спогодба, па овие натписи останале избришани сè до повлекувањето на патријаршијата во 1908 г. кога селаните ги обновиле и нарачале нови икони и живопис од мајсторот Ѓорѓи и син му Никола од Лазарополе.[14]

Во селото работела и бугарската пропаганда, бидејќи е познато дека во 1880-тите Желево имало бугарско училиште, кое грчкиот владика лично дошол да го затвори.[15] Според историчарот на селото, Фото Томев, првиот обид за отворање на бугарско училиште во селото е направен во 1883 г., но ова не успеало поради противдејствата на грчкиот учител.[16]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Жељово имало 1.250 жители Македонци.[10][17]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Желево се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 220 куќи.[18]

Во Желево со полна пареа работела и грчката пропаганда и успеала да стекне разни приврзаници. Селото било база на грчките андарти кои војувале со четите на Македонската револуционерна организација. По грчки податоци во летото 1902 г. во селото живееле 300 семејства, од кои 10 биле под врховенството на Бугарската егзархија, а сите останати под Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Желево имало 1.760 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[10][19] По Илинденското востание половина од жителите прешле под врховенството на Бугарската егзархија, иако до 1907 г. двете селски цркви биле во контрола на грчката патријаршија. Бугарската пропаганда извлекла голема полза од силните обиди за погрчување на населението, па во јануари 1907 г. населението било приморано да бара преоѓање под водството на егзархијата и бугарски учители како единствена и подобра алтернатива.[20] До летото 1908 г. егзархиските семејства ги опслужувал поп од с. Оштима. Неколку недели по Хуриетот во селото почнал да работи и првиот месен егзархиски свештеник, Илија Трајанов.[21] Во 1909 г. во Желево имало над 200 куќи под бугарско врховенство од вкупно 250, иако прогрчките патријаршисти уште ги држеле црквите и училиштето.[22] Според Георги Константинов Бистрицки Желево пред Првата балканска војна се состоело од 270 македонски куќи.[10][23]

Во 1906/7 г. по неколкугодишни судски тужби и саботажи, желевци успеале да го откупат чифликот на Усеин-ефенди на север од селото. Во 1909 г. неколку семејства ја откупиле и месноста Селца западно од Желево од бегот Цафо.[24]

Во 1908 г. во Желево почнало да работи бугарско основно училиште, со што бугарската пропаганда доста се зајакнала, принудувајќи ги прогрчките дејци да им ја отстапат училишната зграда. Во 1911 г. прогрчкото население изградило ново училиште на три ката со средства од Грција.[25] Во патописниот попис од овој период, Боривое Милоевиќ забележал 250 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

 
Желево во Првата светска војна.

По Балканските војни селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.415 жители. Во следниот период населението опаднало; во 1920 г. се попишани 1.162 жители, а во 1928 г. во селото живееле 1.136 лица. Во 1927 г. грчките власти го преименувале Желево во Андартико, што во превод значи андартско или бунтовничко. Предизвикано од жестоката грчка политика на прогонување, национално негирање и асимилација, во периодот меѓу двете светски војни населението бележи пад поради значајно иселување во прекуокеанските земји; шест семејства се иселиле во битолското село Породин, а извесен број во Бугарија. Така, во 1940 г. селото имало 1.040 жители.[3]

Во текот на Втората светска војна во Желево е основана чета на бугарската паравоена организација „Охрана“,[26] на чело со Кузе Глигоров и Филе Беќаров.[27] Желево силно пострадало во Грчката граѓанска војна, поради што од него се иселиле дури 200 семејства — претежно во Р Македонија, а некои во источноевропски земји.[3] На пописот од 1951 г. забележани се 1.047 жители, но набргу отпочнал голем бран на иселување во Северна Америка, така што во 1961 г. населението било речиси преполовено, со само 605 жители.[3] Со понатамошни иселувања, во 1971 г. населението опаднало на 418 лица, за во 1981 г. да се сведе на 169, а во 1991 г. на 133 жители.[3] Во 2001 г. селото имало 135 жители кои во 2011 г. се намалиле на само 84.

Според истражување од 1993 г. селото е „словенојазично“ и македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[28]

Во Канада желевските доселеници ја имаат основано и организацијата Macedonian Human Rights Movement of Canada („Движење за македонски човекови права во Канада“) која се бори за правата на Македонците низ светот.

Иселеништво во Северна Америка уреди

На почетокот на XX век започнало иселувањето на жителите на Желево во Северна Америка. Најпрвин се одело само на печалба, но потоа желевци трајно се вдомиле во САД и Канада. Први на печалба во САД во 1902 г. занимале Ламбро и Андреја Николовски. Во Торонто, Канада први се доселиле браќата Димитар и Христо Хаџипавлови, Спиро Додев и Крсте Дибранов. Печалбарството се засилило по Илинденското востание. Во 1905 г. 30 желевци пристигнале на работа во Торонто.[29] Благодарение на средствата спечачени од соселаните во Северна Америка, во периодот пред Балканските војни, селото приметно напреднало — се граделе нови куќи, се купувале нови земјишта и домашни животни. По Првата светска војна сè повеќе желевци почнале трајно да се отседнуваат во Канада.[30] По некои проценки, нивниот број во поново време изнесува 400 семејства.[31]

Голем број Македонци од ова село под притисок од грчката влада и најзиниот геноцид се иселија во западните земји. Во Канада тие ја основаа организацијата Macedonian Human Rights Movement of Canada која се бори за правата на Македонците низ светот.

Желевско братство во Торонто уреди

Во 1907 г. преселниците од Желево го создале Желевското братство во својата колонија во Торонто,[32] со Атанас Марковски како претседател и Фото Марков како негов благајник. Набргу потоа друштвото е затворено, па пресоздадено одново на 1 октомври 1921 г. За прв претседател е избран Трпе Стефов, а за секретар — Крсте Петров. Во дејноста на братството се вклучиле и патријаршисти. Во 1929 г. основано е и Младинско друштво при Братството, но наскоро е затворено. Во 1948 г. во друштвото изградило и своја зграда во Торонто, наречена „Желевски дом“.[33]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.040 1.047 605 418 169 133 135 84
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Желево се смета за сиромашно село. Населението одгледува жито и грав, а е занимава и со сточарство.[3]

Редовни настани уреди

Традиционална слава на селото е Свети Атанас Велики - Летен, кој ја одбележува смртта на св. Атанасиј Александриски на 2 мај.[34]

Личности уреди

Родени в Желево
 
Трајко Желевски (првиот застанат одлево) со костурски војводи.
 
Ставро Стоянов Ѕавела от Рулја, Тома Желински од Желин и Трајко Тодев од Желево.
  • Андон Киров (Αντώνιος Κύρος, Κύρου) — гркомански андартски деец од II класа[35]
  • Васил Балков (Βασίλειος Μπάλκος) — гркомански андартски деец од II класа, член на месниот грчки комитет, работел со грчкиот конзулат во Битола и директорувал со училиштето во Писодер и други грчки училишта[36]
  • Васил Ланѕак (Βασίλειος Λιαντζάκης) — гркомански андартски деец од III класа[35]
  • Ѓорѓи Ланѕак (Γεώργιος Λιαντζάκης, Λαντσάκος) — гркомански андартски деец, брат на Трајко Ланѕак, помошник на капетанот Цондос; прибирал информации за македонските чети во подрачјето[35]
  • Димитра Балкова (Δήμητρα Μπάλκου) — гркомански андартски деец од IV класа[36]
  • Елени Хаѕопулу (1896 – 1976) — деец на грчката пропаганда
  • Иван Минов — револуционер, раководител на „Охрана“ за Желево
  • Иљо Гадучев (Ηλίας Γκαδούσης, ? – 1906) — гркомански андартски деец, четник на Коте Христов и Георгиос Цондос[35][37]
  • Илија Мирчев (Ηλίας Μήρτσιος) — гркомански андартски деец од I класа, заедно со брат му Ланѕак и Х. Екандуцис (Η. Εκαντούτση) го основале месниот грчки комитет[36]
  • Јоанис Маврис (Ιωάννης Μαύρης) — гркомански андартски деец, потпомагач на четата на Каудис[36]
  • Јордан Марков (? – 1948), комунистички деец[38]
  • Јото Луловски — револуционер на МРО
  • Кирил Нолев (? – 1918) — револуционер на МРО
  • Лазар Киров (Лазарос Киру) — андартски капетан
  • Наумче Андреев (Ναούμ Ανδρέου) — прогрчки деец, еден од посредниците при поткупот на Коте Христов на грчка страна,[39] гркомански андартски деец од I класа, ранет во 1906 г. и починат на пат за Битола[35]
  • Наум Мирчев (Ναούμ Μήρτσος) — гркомански андартски деец од IV класа, убиен од македонски дејци[36]
  • Никола Наумов (Νικόλαος Ναούμ) — гркомански андартски деец, учител и информатор на Германос Каравангелис[36]
  • Никола Сидеров (Νικόλαος Σιδέρης), гркомански андартски деец от четврта класа[36]
  • Никола Михов Јановски (? – 1907) — револуционер на МРО
  • Павел Киров (Павлос Киру) (? – 1906) — гркомански андартски капетан
  • Павле Јанков (? – 1905) — војвода во Македонското востание од 1870-тите
  • Папа Антонис (Παπα-Αντώνης, Κύρου Παπαδημητρίου) — гркомански андартски деец од IV класа, свештеник[36]
  • Пандо Лазаров — револуционер на МРО
  • Симеон Симов (Συμεών Σίμος) — гркомански андартски деец от чртврта класа, учител[36]
  • Спиридон Киров (Σπυρίδων Κύρου) — гркомански андартски деец, четник кај брат му Павел Киров[35]
  • Сотир Јановски (? – 1949) — комунистички деец[40]
  • Танас Луловски (1940 – 2006) — уметник во Р Македонија
  • Танас Тркалов (? – 1948) — комунистички деец[41]
  • Трајко Желевски (1875 – 1925) — револуционер, војвода на МРО[42]
  • Трајко Ланѕак — гркомански андарт
  • Фото Томев — иселенички деец во Канада
  • Харалампиј Николов (Χαράλαμπος Νικολάου) — гркомански андартски деец од IV класа, убиен во 1907 г.[36]
  • Протојереј Харалампиј Поп Илиев — долгогодишен свештеник на Македонско-бугарската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Торонто. Син на попот Илија Трајанов, првиот егзархиски свештеник од Желево.[43]
  • Христо Попилиев (Χρήστος Παπαηλίας) — гркомански андартски деец од II класа[36]
  • Христо Трајанов (Χρήστος Τραϊανός) — гркомански андартски деец од I класа[36]
  • Христина Лазарова (Χριστίνα Λαζάρου) — гркомански андартски деец от III класа, потпомагателка на четите на Цондос, Макрис и Симо Стојанов[35]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλοβο – Ανταρτικόν
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 153.
  4. Томев, Фото. Кратка история на село Желево, Македония, издава Желевското Благотворителното братство в Торонто, Торонто, 1971/Tomev, Foto. Short history of Zhelevo village, Macedonia, Zhelevo Brotherhood, Toronto, 1971, стр. 7–8.
  5. Томев, стр. 10-16
  6. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  7. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 109.
  8. Томев, стр. 19-20
  9. Μουτσόπουλος, Ν. Κ (2003). Εκκλησίες του νομού Φλωρίνης. Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της Μακεδονίας. Θεσσαλονίκη. стр. 156.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  11. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 108 – 109.
  12. „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide-GTP. Посетено на 10 јануари 2015.
  13. „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 10 јануари 2015.
  14. Томев, стр. 20-24.
  15. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 360.
  16. Томев, стр. 22-24.
  17. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  18. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  19. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  20. Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 251 — петмина од жителите на селото се потпишале на кирилица, останатите со грчки букви.
  21. Томев, стр. 30-31.
  22. Телеграма на Иларион од Костур
  23. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  24. Томев, стр. 38-41, 54-55, 103, 106.
  25. Томев, стр. 58-61.
  26. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  27. Миноски, Михајло (2017). Минчо Фотев и националноослободителното движење на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија (1941-1949) (PDF). Toronto, Canada: Risto Stefov Publications. стр. 27.
  28. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  29. Томев, стр. 72-77, 79.
  30. Томев, стр. 103-104, 106.
  31. Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 56
  32. Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 161
  33. Томев, стр. 88-100.
  34. Томев, стр. 70-73.
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 35,4 35,5 35,6 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 163. ISBN 978-960-12-1724-6.
  36. 36,00 36,01 36,02 36,03 36,04 36,05 36,06 36,07 36,08 36,09 36,10 36,11 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 164. ISBN 978-960-12-1724-6.
  37. „ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ“. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 2019-11-28.
  38. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2019-11-28. Посетено на 2019-11-28.
  39. Райков, Георги (2005). Битие на българския народ в Македония при царуването на Турция до отстъпването ѝ от Македония и изтезание на българския народ от гърците и сърбите,в: „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров. София: Звезди. стр. 23. ISBN 954-9514-56-0.
  40. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2019-11-28. Посетено на 2019-11-28.
  41. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2019-11-28. Посетено на 2019-11-28.
  42. Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 110.
  43. Томев, стр. 104.

Надворешни врски уреди