Според феминизмот есенцијализмот е стојалиште дека разликите меѓу мажите и жените се суштински, дека постојат посебни машки и женски природи, за разлика од гледиштето дека разликите се социјално/експериментално конструирани. Доколку разликите се суштински, тогаш се претпоставува дека тие се универзални, „природни” и произлегуваат од биологијата.

Пол Блум се обидувал да објасни зошто луѓето ќе плаќаат повеќе на аукција за облеката на славните ако облеката не е измиена. Тој верувал дека одговорот на ова и на многу други прашања е дека луѓето не можат да не помислат на предметите дека содржат своевидна „суштина“ врз која може да се влијае.[1]

Лис Иригаре тврди дека постојат суштински женски разлики кои произлегуваат од биолошките разлики. Тереза де Лауретис тврди дека феминистите треба да „ризикуваат” есенцијализам бидејќи тоа е она што прави разлика меѓу феминистичко и нефеминистичко мислење. Италијанските, културалните и француските феминисти се согласуваат дека мајчинството е суштинско актуелно или потенцијално искуство. Антиесенцијалистите, пак, се загрижени дека теориите за есенцијални родови разлики се премногу конзервативни. Деконструкционистите и радикалниот феминизам ги напаѓаат поставените дихотомии (мажественост/женственост), психоаналитичарите тврдат дека сексуалноста е конструирана од јазикот, па субјектот на феминизмот не е „жената”, постмодернистите го предизвикуваат мислењето за универзалноста во масовната култура, додека Џудит Батлер го предизвикува есенцијализмот со постструктуралистичкиот концепт дека родот е „перформанс”.[2]

Белешки уреди

  1. Paul Bloom, July 2011 Ted talk, "The Origins of Pleasure"
  2. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.