Ерл Греј (англиски: Earl Grey tea) — мешан чај со карактеристичен вкус и арома добиени од додаденото масло од кората на бергамот, ароматичен агрум.

Ерл Греј
Earl Gray tea
Тип: Црн, Зелен, Бел
Други називи: нема
Потекло: веројатно Индија
Краток опис: остар и ароматичен со релативно темна боја.

Порано поимот „Ерл Греј“ важел само за црн чај, но денес важи и за зелени и бели чаеви кои содржат бергамотово масло.

Историја уреди

 
Пакување на чај Ерл Греј од „Твајнингс

Мешавината Ерл Греј е наречена по Вториот Ерл Греј, британски премиер во 1830-тите, кој добил на подарок, веројатно како дипломатска компензација, чај збогаен со бергамотово масло. Според преданието ова бил подарок на некој благодарен кинески мандарин (функционер) чиј син бил спасен од давење од луѓето на ерлот, иако оваа мешавина била за првпат добиена од ферментиран црн индиски и „Цејлонски“ (шриланечки) чаеви. Бидејќи во Кина зелениот чај е многу попопуларен од црниот, изгледа малку веројатно дека тие би имале ваква мешавина за да ја даруваат на посетители. Покрај ерлот Греј никогаш нема стапнато во Кина. Друга верзија на приказната е дека слугите на ерлот спасиле син на индиски раџа од тигар.

Чајот станал толку популарен кај премиерот и неговите посетители, што фирмата Твајнингс добила мостра и од нив било побарано да направат чај најсличен на него. Оттогаш овој чај се појавил на пазарот. Чајот Ерл Греј содржи кинески чај, индиски Дарџилинг, цејлонски чај, и малку Лапсанг сучонг, силен, „чаден“ црн чај. Чајот обично се пие црн (без млеко), но прифатливо е да му се додаде малку.

Џексонс од Пикадили тврдат дека тие се создателите на марката Ерл Греј. Според нив премиерот Греј му ја дал рецептата на Џорџ Чарлтон од таа фирма, во 1830; според Џексонс оваа рецепта оттогаш, па до денес е во постоајно производство и никогаш ја немаат дадено никому. Нивниот Ерл Греј се заснова на кинески чај уште од почетокот. Ова соперништво помеѓу двата производитела продолжува, иако сега се во иста сопственост.

Слични чаеви уреди

 
Рефус чај Леди Греј

Твајнингс исто така имаат чај наречен „Леди Греј“, направен од горчлив портокал, лимон и бергамот. Некогаш се верувало дека додадените овошки дејствуват против неубавото однесување и импулсивност кај жените, кои нашироко се сметале за ефекти на чајот.

Надворешни врски уреди